Во земја во која степенот на писменост на двата пола (повеќе од 15 години) е скоро 40 проценти, образованието и засилувањето на жените и младите е императивна потреба за било кој конкретен развој во Јемен.
Активистот и истражувачот Атиаф Алвазир напиша напис на блог наречен „Читањето треба да биде право а не привилегија“ истакнувајќи ја важноста на образованието за жените.
Таа повика:
Ајде сите заедно да работиме заедно и да побараме конкретни промени, и да бараме од владата да го врати програмот за писменост кој се имплементираше во минатото. Исто така, правото на образование и здравствена заштита мора да ги направиме високи политички приоритети на конференцијата за национален дијалог (која почна во март 2013 а е закажано да заврши на крајот на август 2014).
Активистот и претседател на Работната група за права и слобода во националниот дијалог, Арва Отман ја нагласи важноста на образованието, но исто така додаде во напис на нејзината страница на Фејсбук:
ليس فقط الحق في التعليم كما تنص مواثيق حقوق الإنسان ، بل ويجب أن أن تتضمن المناهج المدرسية في الجمهورية اليمنية ( اليمن الجديد) هذه المواثيق .. وتدرسها كمادة أساسية ، لإشاعة ثقافة حقوق الإنسان التسامح ، التعايش ، السلام ، الحرية ، المواطنة ، المساواة ، عدم التمييز ، حرية الإختلاف ، حرية المعتقد ،…الخ) أي أحترام الإنسان بعيداً عن لونه ، وجنسه ، وديانته ، ولغته ، ورأيه السياسي ، ومبادئه ..الخ ..نتمنى أن نخرج من مؤتمر الحوار بهذا النص الدستوري احتراماً لحق الأجيال ..
Не само што правото на образование е наведено во конвенцијата за човекови права, но овие поглавја мораме да ги вклучиме и во школските програми во Република Јемен (Новиот Јемен)… и тие мора да се предаваат како клучен предмет за промоција на културата на човекови права, толеранција, коегзистенција, мир, слобода, граѓанство, еднаквсот, недискриминација, слобода на религија, итн. на пример, почитување на човечкото битие без оглед на неговата/нејзината боја, пол, религија, јазик, политичко мислење и принципи, итн. Се надеваме дека од оваа Конференција за национален дијалог ќе произлезе уставен текст кој ги почитува правата на идните генерации