Кина: Сè повеќе самоубиства во фабриката Фокскон

Кинеските медиуми на 2ри мај 2013 известија дека двајца вработени во фабриката Фокскон извршиле самоубиство во Женгжоу, уште еднаш покренувајќи го прашањето за лошите услови за работа и лошото управување на светскиот најголем производител на електроника, кој произведува опрема за најголемите имиња во технологијата, како Епл, Дел и Амазон.

Во соопштение од компанијата обезбедено од страна на Глобал Војсес, Фокскон потврдува дека 23 годишна жена и 24 годишен маж, вработени во фабриката, биле пронајдени мртви на 24ти и 27ми април, но не ја нагласува причината за нивната смрт.

Можеме да потврдиме дека бевме известени од страна на полицијата во Женгжоу, Кина, за смртта на 23-годишната вработена во нашиот кампус во тој град, пронајдена на резиденција надвор од кампусот, на 27ми април. Ние го изразивме нашето сочуство кон фамилијата на вработената и им пружаме соодветна помош во овие тажни моменти. Исто така, соработуваме со полицијата додека тие ја спроведуваат истрагата.

Во врска со извештаите за смртта на 24-годишниот вработен на 24ти април, бевме известени од страна на полицијата дека тој бил пронајден мртов во приватен станбен објект во Женгзоу. Тој имал аплицирано за работно место во нашиот кампус во Женгзоу, но се уште не беше вработен и никогаш немал работено за Фокскон. Исто така, и во овој случај и помагаме на полицијата додека таа ги истражува деталите поврзани со овој тажен инцидент.

 

Кинеските извештаи во вестите ги обвинуваат условите за работа и управување со постројката Фокскон како виновни за смртните случаи. Така наречен „тивок режим“ на работа беше воведен во фабриката во Женгжоу во април минатата година. На работниците во постројката – млади мажи и жени најчесто во раните 20ти – им е забрането разговарање додека работат, од моментот кога ќе влезат во фабриката се до нивното напуштање, доколку го прекршат ова правило тие ризикуваат да го изгубат своето работно место.

Screenshot from Youku depicting events in Zhengzhou.

Слика од екранот на Youku која ги прикажува настаните во Женгжоу.

Работничката Унија на Фокскон негираше дека таквиот „тивок режим“ е заслужен за смртните случаи. Тие исто така тврдат дека 24-годишниот воопшто не бил вработен во фабриката.

Фокскон, тајванската компанија основана во 1974 од страна на Tери Гу, е под зголемен надзор последните години поради серија на самоубиства во 2010 година, кога 13 млади работници, на возраст помеѓу 18 и 24 години, скокнаа од нивните интернати, во знак на протест кон менаџерските практики на компанијата.

Претерана прекумерна работа, опасни работни услови, висок работен интензитет и недостаток од социјално осигурување се некои од честите проблеми пријавени во Фокскон, според China Labor Watch, непрофитна организација со седиште во Њујорк. Во 2012 ексклузивно на програмата Nightline на АБЦ вестите, работници во бели униформи се видени како работат на производствената линија и како спијат за време на попладневните паузи.

На самоубиствата од страна на вработени и критични репортажи од страна на медиумите, компанијата одговори со покачување на платите и ублажување на строгите правила. Исто така премести некои од своите постројки во внатрешната провинција. Постројката во Женгжоу, лоцирана централно во провинцијата Хенан, започна со работа во 2010. Претставена како проект со годишна заработувачка од извоз проценета на 13 милијарди американски долари, операцијата во Женгжоу се вели дека собрала огромен број на евтина работна сила во Ханан, каде работниците мигранти обично патуваат до крајбрежната провинција барајќи подобро платена работа. Фокскон вработил од прилика 300 000 луѓе во Женгжоу изминатата година, според Wall Street Journal.

Вестите за последните самоубиства се дознаа кога луѓето од цела Кина се подготвуваа за тридневните празници по повод 1ви мај, денот кој се прославува во чест на правата на работниците. Трагичните инциденти, како и времето во кое се случија, предизвикаа луѓето да ги ослободат своите фрустрации на Sina Weibo.

Дианџи Јујин од Шангај напиша:

五一国际劳动节前夕 郑州富士康又惊现二连跳 见了这样的消息 我无语了….

Вечерта на интернационалниот ден на работниците, се случија две „скокнувања“ во Фокскон во Женгжоу, останав без зборови кога ја слушнав оваа вест.

Еден корисник на Beijing Weibo наречен Хонгјан Ксиалу го сподели своето гледиште на работите:

富士康为什么又有人跳楼了呢? 真心觉得心痛啊!多宝贵的生命啊,从百米之上落下便没有了。是人内心太脆弱还是真的生存真的失去了意义?

Зошто се случи уште едно самоубиство во Фокскон? Навистина чувствувам болка! Колку е драгоцен животот, а тој едноставно исчезнува во моментот кога некој ќе скокне (од зграда) од висина од 100 метри. Дали луѓето се психолошки премногу слаби или навистина нема поента да се продолжи да се живее?

Чен Ванју од Нанчанг, главниот град од провинцијата Јиангкси, го понуди својот совет за како да се избегне повторувањето на трагедија од овој вид:

 #给富士康的建议#呼吁富士康重视员工心理保健,逐步设立“心理咨询室”。一个以制造代工模式为主的企业,不能一直沿袭以往有效的刚性管理,必须注意管理人性化。员工心理不健康会降低工作效率,企业付出的成本可能比人才流失还大。希望悲剧不再重演

#Совет до Фокскон# Барам од Фокскон да го посветат своето внимание на психолошкото здравје на своите вработени, треба да воведат „психолошки соби за советување“. Производителот со кој се склучува договорот не треба да следи ригидни управувања кои некогаш функционирале, туку да се внимава на човечкото управување. Работниците кои носат некаков вид на психолошки товар нема да бидат ефикасни во тоа што го работат, и цената која компанијата ќе ја плати ќе ја надмине загубата на талент. Се надевам дека оваа трагедија нема да се повтори.

Шангшан Руовенвен, аргументира бранејќи ја компанијата:

我富士康,实话实说,富士康对那帮操作工不错了,比大陆的企业强多了。为毛媒体只盯着富士康不放,还不就因为是台企么。以前是订单多加班多,他们嫌累不想加跳楼,现在订单少没加班,他们又嫌钱少前两天还有威胁跳楼的刁民太多。

Фокскон, да бидам искрен, Фокскон е добар со своите работници, подобар од други претпријатија во Кина. Зошто медиумите упорно се враќаат на Фокскон, дали затоа што е претпријатие од Тајван? Во минатото, некои посакуваа да рипнат од зграда затоа што биле преоптоварени од прекумерно работење предизвикано поради зголемување на наредбите, денес има и непослушни луѓе кои се закануваат дека ќе скокнат затоа што се помалку платени бидејќи нема прекумерни обврски поради намалување на наредбите.

Сличен став има и Јиајиа Воши Јиајиа, за тоа се пожали велејќи:

我是真心搞不懂了,为嘛富士康跳楼事件,大家只看标题不看内容呢?其实我想说,不管跳楼也好,买不起砖也好,这都是可以自己调节的啊!你因为公司不给说话否则开除就跳楼?那为什么不换份工作?还是觉得没学历没技术别的公司不可能要你?那么既然富士康收留了 你们为什么还要抹黑他呢?

Навистина не разбирам, во однос на самоубиствените скокови во Фокскон, зошто некој ги чита насловите без да ја погледне содржината? Би сакала да кажам, дали станува збор за скокање од зграда или да неможеш да си приуштиш тула луѓето можат да се приспособат на тие работи! Зошто да скокаш од зграда ако не ти е дозволено да разговараш додека работиш? Или се чувствуваш дека други компании не би сакале да те вработат затоа што немаш релевантна диплома и вештини? Кога Фокскон те вработил, зошто да го оцрниш тоа?

Тиан Квингвен, адвокат стациониран во Пекинг повикува на акција на Weibo со цел промовирање на правата на работниците:

劳动节前夕,富士康四连跳,劳动者权益何从保障,甚或说工人阶级领导权何处体现?一方面工人罢工不断涌现甚至类似富士康跳楼事件接连发生,一方面却是容忍@茅于轼 兜售剥削有功论,即便重提工人阶级领导权,而若没有实际行动,又有何用?工会的异化,就是工人领导权丧失的鲜明例证。工农已等不起!

Вечерта на денот на работниците, се случија четири самоубиства последователно, како да бидат заштитени правата на работниците, како работничката класа да го примени своето право на водство? Од една страна, самоубиствените скокови продолжуваат да се случуваат, а од друга страна пак, постои толеранција за теоријата од Мао Јуши „експлоатацијата е значајна“. Која е поентата од споменувањето на работничкото право на водство без преземање на конкретни акции? Влошувањето на Унијата на работниците е јасен знак дека работниците го загубиле своето право на водство. Работниците и фармерите не можат да чекаат повеќе!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.