- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Турција: Ерменска авантура на две тркала

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Централна Азија и Кавказ, Ерменија, Турција, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Меѓународни односи, Туризам, Уметност и култура

Без дипломатски односи, блиската граница како и лошите односи во текот низ историјата и еден нерешен спор со друга земја, односот меѓу Ерменија и Турција тешко не може да се смета за меѓусоседско пријателство, но патувањето на Арег Харутјанјан, млад американски мотоциклист, може да смени некои стереотипи.

Харутјанјан ги документира своите патувања низ Јереван, главниот град на Ерменија, и низ Турција, па сето тоа следбениците на Твитер го објавуваат на неговиот блог, Пеколно Возење.

Да поминеш повеќе од 4,500 километри… ова патување ми изгледа долго. На сето тоа ќе стојам без пристрастување, тоа е нешто кој ниеден мотоциклист не го направил до сега во Ерменија.

Над 4,500 км пат, целосно истражување и искусување на Турција.
Возење по бреговите на 3 поголеми мориња.

Низ повеќе од 80 градови.

Вклучувајќи една недела во третиот најдолг град во светот.

Плус 25 денови на мотор, сам!

[…]

Во Турција планирам да бидам Ерменец од Ерменија, кој патува да ја искуси и истражи Турција. Планираната патека е базирана исклучително за да им се придружам на многубројните патници кои на тој начин ја искусиле Турција. Нема историско, ниту лично значење за мене, туку тоа е мотив за спонтана промена, која зависи од околностите со кои ќе се соочам во текот на возењето.

Единствената блиска граница која е меѓу Турција и Ерменија е Грузија. Дури и ако две земји се сметаат за историски и денешни непријатели, оваа реалност не беше евидентирана на турската граница.

По неколку време возење низ грузиските градови со многубројните ерменски реклами, натписи и етикети, стигнав до граничниот премин Пософ. Високи турски знамиња, секој се однесуваше ептен професионално, дури тоа чувството го имав и по влегувањето во Грузија, во Европа. Се приближив до обезбедувањето и граничната контрола, го дадов пасошот и го изговорив единствениот турски збор кој го знам:

“Mehraba!” (На англиски значи, Здраво!!)

“…Hay es?” (Ерменски: Дали сте Ерменец?)

“Ayo!” (Ерменски: Да!)

“Bari galust Turqia, sireli yeghbayr!” (На англиски: Добредојдовте во Турција, драг брате!)

Но, само што пристигна блогерот во Турција, настана ужасна катастрофа.

Возев до некои бензински пумпи, да наполнам бензин и прашав дали може на касата да платам со Мастер картичка. Мојата картичка беше одбиена. Тоа ми зададе лошо чувство – Го знаев фактот дека мојата ХСБЦ Мастер беше во ред и немав многу пари во мене!

Заминувајќи од бензинската станица ја накачив брзината на 50 км на час, влегов во тунел кој беше полукружен, сфатив дека возам пребрзо, ги стиснав кочниците, ги закочив тркалата, се лизнав и удрив во ѕидот од тунелот на кривината и на крај паднав.

[…]

Две полициски коли пристигнаа за помалку од 2 минути. Една од нив го блокирала влезот од тунелот, а другата пристигна кај мене и во неа имаше 3 полицајци кои започнаа да ме прашуваат и да ја регистрираат мојата сообраќајна несреќа. Нивното однесување повторно беше на професионално ниво. Сите беа многу љубезни, се трудеа да ми помогнат и жалеа за мојата несреќа. Само еден од нив зборуваше англиски јазик.

[…]

За среќа не беше хоспитализиран, Харутјанјан се зачуди како да го пренесе моторот. Го промени планот, Истанбул му изгледаше како најдобра опција, но локалната помош беше неопходна за ангажирање за транспортирање на моторот.

Слика: Арег Харутјанјан

“Изгледаш како Турчин!” тој се насмеа. “Тоа значи дека си Ерменец! [Забележи: Ерменец] Слични како браќа! Курдите имаат поразлични лица!”

“…”

“…”

“Ако немаш проблем со мене, ниту јас имам со тебе. Како браќа.’’

По собирањето на скршените делови од мојот мотор, Уѓур и Ибрахим ми рекоа дека најдобро би било доколку одам во Истанбул.

“Земи автобус, тој е евтин!”

“Но треба да го земам и моторот со мене! Како да го внесам во автобусот?”

“Моторот да, автобус да, добро!”

“Другар, мојот мотор тежи 200 кг и е прилично тежок, не е велосипед!”

“Дали може Кавасаки 1200 коњски сили да биде пренесен во автобус? Твојот мотор е поголем од Кавасаки??”

Јас замолчев.

“Ќе те однесеме до автобуската станица.”

[…]

“Колку?” На шоферот со рацете му сигнализирав за пари.

Зема хартија од неговиот џеб и ми напиша на него – “350 долари”

“Добро,” му реков на шоферот и му покажав со палецот нагоре “Заминуваме ли сега?” I праша Уѓур. Изгледаше дека му е досадно.

“Не оди, прашај за пари и речи “Добро.”! — “Но зошто??””

Замолчев.

“Сега ние ја средуваме цената. Дај ни време мој пријателе.”

После 10 минути зборувајќи навистина гласно, Уѓур се сврте кон мене.

“200 лири, или 130 долари. Во ред ли е?”

Патувањето до Истанбул беше надвор од плановите за патувањата на Харутјанјан, но барем ќе обезбеди можност за читателите да слушнат за впечатоците од градот и еден разговор со еден локален ерменски припадник.

Во Ортакој запознав кул (навистина кул!) жена Ерменка која моментално живее во Истанбул. Ја прашав колку е безбедно да се биде Ерменец во Истанбул.

“Дали Истанбул е безбеден за еден Ерменец?”

“Екстремно”

[…]

“Што да направам ако имам проблем со бозкурт?” [Забелешка: Ултра-националист]

“Но не би имал!”

“Но, доколку би имал?”

“Трчаш до некоја полициска станица и им кажуваш дека си Ерменец!”

“…и?”

“Ти си Ерменец, а тоа значи дека сите би направиле се додека не бидат сигурни дека ништо нема да ти се случи додека си тука! Полицијата би те штитела и со нивен живот ако е потребно!”

Тоа е навистина добро да се слушне.

 

Слика: Арег Харутјанјан

Освен од политиката, Харутјанјан беше импресиониран од Аја Софија и главниот регион за шопинг во Истанбул.

Таксим е неверојатен навечер. Добро се живее и доста живо во текот на денот. Исто така многубројни се клубовите во кои се свири електронска и денс музика. Мислам дека идејата на Таксим многу добро ја претставува Северната Авенија во Јереван, особено архитектурата и луѓето кои се забавуваат.

Тоа не е ништо, како и споредбата со генералниот впечаток на самиот град.

Слика: Арег Харутјанјан

Истанбул е прекрасен. Тој е магичен град, а магијата е толку силна што ќе можеш да ја слушнеш во воздухот. Тоа не може да се објасни, тоа е со различна димензија, но не е ниту малку реално. Секој камен, секоја канта за ѓубре (малкуте од нив) и секоја клупа, секој скитник, секое дрво, секој бран од Мрамор, секој воз, мост и секој клин на него, секој морепловец, секоја веспа-мотор, секој покрив се магични, исполнети со посебна енергија- не негативна или позитивна, ниту со нешто што ќе се опише. Со некоја особено несекојдневна привлечна енергија – те исполнува, те грабнува и плови со тебе низ тој сладок сон, музикални, вистински песни за твоето уво, допир на најпосебните жици од твојата душа и оди толку длабоко што ти ги распукува сетилата на тебе и на градот. Тоа е град кој те тера да шеташ наоколу воодушевен и комплетен.

Засекогаш се вљубив и не можам да се преправам. Очајно, целосно и бесконечно го сакам Истанбул.

На две тркала, Харутјанјан потоа се упати кон Ескисехир и Анкара. Неговото патување продолжува на http://www.onehellofaride.com [1] и може да се следи на Твитер на @sssilver [2].