Напишана од полскиот фотограф и поет Пјотр Черски [пол.] (види Википедија за неговата биографија на полски јазик), ‘Манифестот на децата на мрежата‘ сега се наоѓа на интернет, преведена на повеќе јазици, откако беше издадена на 11 февруари 2012, во полскиот регионален весник, Dziennik Baltycki.
Манифестот го изразува чувството на заедница на цела генерација родена заедно со доаѓањето на мрежите и интернетот. Исто така, ја прокламира наклонетоста на младите луѓе низ светот со појавата на една оригинална глобална култура и желбата да учествуваат во циркулацијата на културни добра, надвор од легалните или географските граници кои се произволно наметнати.
Според Черски, манифестот е доказ за желбата на оваа генерација да се оддалечи од моќните врски наследени од признаените авторитети [пол.]:
Nie ma w nas tej wynikającej z onieśmielenia pokornej akceptacji, jaka cechowała naszych rodziców – przekonanych o nadzwyczajnej wadze spraw urzędowych i odświętnym charakterze interakcji z państwem. Nie czujemy tego respektu, który brał się z odległości między samotnym obywatelem, a majestatycznymi szczytami „władzy”, majaczącymi gdzieś pośród mgieł.
Оваа генерација се спротивставува на институционалните регулативи на приватните интересни групи и на контролата која овие групи ја вршат на лични информации и на заедничките културни добра. Исто така, ја изразува својата потреба за транспарентност, слобода и „вистинска и реална демократија“[пол.]:
Być może nie nazwaliśmy tego dotąd, być może jeszcze sami nie zdajemy sobie z tego sprawy – ale tym, czego chcemy, jest chyba po prostu prawdziwa, realna demokracja. Demokracja, o której być może nie śniło się nawet waszym publicystom.
Тоа е барање, актуелно повеќе од кога било, во рамките на контекстот на противење на договорот АКТА, каде што ризикот од ограничувањето на слободите е интензивно се забележува, особено во Источна Европа [фран.].
- Оригиналната верзија на манифестот на полски: ‘Mi dzieci sieci‘
- Англиски: ‘We, the Web Kids‘
- Француски: ‘Nous les enfants du Web‘
- Германски: ‘Wir, die Netz-Kinder‘
- Шпански: ‘Nosotros, los hijos de la Web‘
- Естонски: ‘Meie, võrgulapsed‘
- Шведски: ‘Vi, nätbarnen‘
- Чешки: ‘My, děti Sítě‘
Овој манифест и реакциите што тој ги предизвика насекаде низ светот за многу кратко време, се доказ за желбата за слобода, демократија, и транспарентност кои длабоко ги доведуваат во прашање нашите општества. Оваа желба е изразена од оние кои, отсега натаму, се подготвени протагонисти на глобализацијата, и кои ќе бидат критични граѓани на интернетот во текот на следните декади. Ова доведе до неповратни промени, без сомнение.