Овој напис е дел од специјалното покривање на протестите во Бахреин 2011.
На 30 март 2011 година, бахреинскиот блогер Мохамед Ел Маскати, на блогосферата познат како „Емоѕ“ беше уапсен. Според Новинари без граници, апсењето на Ел Маскати дојде по заканите од членот на кралската фамилија што се случи на Твитер, каде Ел Маскати е исто така познат како @emoodz.
На Твитер, жителите на Бахреин и пријатели од секаде низ светот повикуваат на негово ослободување.
Бахреинскиот центар за човекови права објави линк до арапската верзија на Новинари без граници коментирајќи:
Афаф Ал Давар (@Pearl14Feb) цитира:
Мохамед Ал Маскати @emoodz е бахреински блогер кој што беше уапсен заради искажување на неговото мислење #FreeEmoodz #Bahrain #feb14
Исто на Твитер, Мухамд Абдула (@mabdulla88) напиша:
Сигурно го сметам @emoodz како еден од најдобрите извори за вести во Бахреин, сега тој е во затвор и сите ние сакаме да го видиме слободен #FreeEmoodz
@Zanoob11 сподели видео снимено од Ел Маскати во 2007 година:
Во десетминутното видео, Ел Маскати дискутира за блогерството и исламот и на англиски и на арапски.
Сестрата на Ел Маскати, @Moooly85, на 4 април објави на Твитер дека нејзиниот брат е петти ден во затвор:
5 ден: поминаа 5 дена откако мојот брат беше уапсен ! #FreeEmoodz
Истакнатиот блогер, Махмуд Ал Јусуф (@Mahmood), кој што беше притворен минатата недела, исто така ја изрази неговата поддршка:
Ми недостига слободниот дух на мојот пријател @emoodz и едвај чекам да се поздравам со него. Знам дека ќе биде ослободен. #FreeEmoodz
Новинарите без граници забележаа дека Мохд Ал Калифа, членот на кралското семејство обвинет дека му се заканувал на Ел Маскати на Твитер, објавил на Твитер закани кон поддржувачите на Ел Маскати пред да го избрише профилот:
Во меѓувреме Калифа на Твитер продолжува да му се заканува на секого кој што бара ослободување на Макати: „#FreeEmoodz секој што живее во Бахреин и го поддржува терористот емоѕ, ќе му биде одземена неговата ИП адреса и ќе биде уапсен!“
Овој напис е дел од специјалното покривање на протестите во Бахреин 2011.