Југоисточна Азија: Рeакции за H1N1 вирусот

Пред некое време годинава, пишував за стравот од вирусот кој што се рашири во регионот на Југоисточна Азија. Во многу земји во регионот регистриран е пораст на случаите предизвикани од вируси на заразна тропска треска, чикунгуња, птичји грип и ебола. Ова е друга закана во регионот: вирусот H1N1 (претходно познат како свински грип).

Досега нема сериозни случаи на поединци кои се здобиле со страшниот вирус. Но, постојат гласини дека откриен е случај на  „свински грип“ во Малезија. The Professional Bum пишува и за сомнително избувнување на вирусот  H1N1 во Малезија:

Еден малезиски познаник, за време на вечера, ми кажа дека го изгубил чичко му поради свински грип. Спомена некои убедливи детали во однос на тоа како грешни муслимански членови на владата можеби придонеле за проширување на кризата околу свинскиот грип во светски рамки. Иако не можам да ја потврдам автентичноста на неговите искази, но неговото размислување е доста веројатно. Не верувам дека некој би лажел за смртта на некој роднина.

Сингапур спроведе различни мерки за да го спречи навлегување на вирусот H1N1 во глобалниот град-држава. Поракава е објавана во Народната библиотека во Сингапур:

ВНИМАНИЕ: NLB одблизу ја следи ситуацијата  со грипот и ги следи упатствата на Министерството за здравство (МЗ) во поглед на тоа кои превентивни мерки да ги преземе. Корисниците на книги од библиотеката се советуваат да се придржуваат до превентивните мерки поставени од МЗ во интерес на јавното здравје.

Фотографија од блогот на Мелон Суруп

Фотографија од блогот на Мелон Суруп

Креирана е страница за фанови на Фејсбук со цел да ги поучи граѓаните на Сингапур за вирусот. ДК пишува:

Не, нема да бидам фан на грип од тип А (H1N1). Зошто би бил фан на вирус кој што се шири  во околината и убива стотици луѓе?
Добро, шегите на страна. Иако терминот употребен на Фејсбук можеби и не е најсоодветниот, да се биде „фан“ на  грип од тип А (H1N1) на Фејсбук и не е така лошо. Страницата е направена да не информира за последните случувања околу грипот од тип А (H1N1).

Mr.Wang Says So објаснува зошто Сингапур е ранлив во однос на избувнување на вирусот.

Проблемот не е само тоа што ние сме најглобализирана земја во Југоисточна Азија. Проблемот е и тоа што ние сме втора најнаселена земја во светот.

Absolutely Bangkok пренесува како владата на Тајланд го искористува стравот од свинскиот грип да добие некои дипломатски точки.

Зачудувачки е тоа колку посветено владата на Тај го прифати свинскиот грип. Со обид поздравуван во глобални рамки, да покаже дека а) Тајланд е чист; б) Тајланд е доста безбеден за патувања (повторно да заживее испразнетиот туризам); в) Тајланд ќе биде домаќин на регионален самит на тема „свински грип“ (со цел повторно да навлезе во светот на меѓународната политика); д) да не одврати од размислувањата за политичкиот хаос; е)да се слика со опозицијата по фијаското во Патаја; и на крај  ѓ) тивко да го прослави тоа што и другите може да бидат понижени.

Spruiked ја критикува власта во Индонезија за ширење лажни информации за вирусот H1N1:

За срамење е тоа колку глупи станавме. Доказ за тоа? Како резултат на избувнувањето свински грип, владата го забрани увозот на свинско. Хм, вирусот го шират луѓето!

My Busy Brain, исто така од Индонезија, пишува за „свинскиот менталитет“ на многу лидери во земјата:

До кога Индонезијците ќе бидат предмет на шега за странците? Кога владата ќе престане да измислува вакви глупави изјави?
Реакцијата на луѓето во однос на свинскиот грип е дури позабавна иако глупава, и како што се очекуваше, тие ги обвинуваат свињите дека се „харем“…па затоа престанете со консумирање свинско. Изгледа како слепиот да води друг слеп, нели, па се прашувам како управуваат со оваа земја. Доста страшно.

Блогот на Tan Kin Lian од Малезија смета дека реакциите на некои луѓе се претерани.

Неколку пријатели ги откажаа прекуокеанските одмори и ги загубија парите што ги платија за турата.  Тоа е непотребно, бидејќи ризикот да се заболе е мал. Можеби, се исплашија од насловните страници во весниците и од советите кои ги даде владата.

Out of my mind од Филипини ја потсетува власта дека се потребни  повеќе мерки со цел да се осигури здравјето на Филипинците:

Воведувањето контрола на аеродромските терминали не може да биде максимумот на нашиот одговор на пандемијата на свински грип бидејќи во случај да заборавиме, ние сме архипелаг со повеќе од 7 000 острови и секој кој влегува во земјата не минува низ Меѓународниот аеродром Ниној Аквино каде што е воведена висококвалитетна опрема да открие ако е покачена телесната температура. Исто така, може да помогне ако се потсетиме на тоа дека имаме резервни излези на југот, како и број пристаништа кои се отворени за патници кои доаѓаат надвор од земјава, но и за патници од регионов.

Очигледно дека не е доволно ако се потпираме на контролните мерки само на неколку терминали. Тоа веројатно ги нервира некои луѓе кои страдаат од екстремна параноја, но не смееме да заборавиме на фактот дека превенцијата секогаш е далеку подобар и поефикасен тек на настаните од контролирањето. Најдобар начин да не се заразиме е да ја ставиме одговорноста само во рацете на некои други луѓе, како владата.

Забележувајќи дека избувнувањата на вируси во минатото се поврзани со животните, беснило, болест која ги напаѓа стапалата и устата, птичји грип, а сега и свински, еден блогер предлага да станеме вегетаријанци.

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.