- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран сè повеќе ја заострува контролата врз интернетот

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права
Source: Mahmoud Reza Nourbakhsh [1]

Извор: Махмуд Реза Нурбакхш

Неколку извештаи наведуваат на тоа дека иранскиот режим преземал уште еден чекор кон контрола врз веќе силно-цензурираниот интернет. Според извештај од ITIran [2], програмите за одбегнување какви што се Psiphon [3], Kerio и Open VPN, повеќе не се ефективни против владините напори на Иран да блокираат одредени веб-страници.

Извештајот исто така вели дека брзините на интернетот опаднале нагло, со што е ограничен пристапот до многу страници. Некои тоа го сметаат [4] за скок кон објавувањето на ирански национален интернет [5], други пак велат дека причина за тоа е приближувањето на претседателските избори во јуни.

Иранските нетизени реагираат на овој тажен настан:

Блогот „Борба против интернет филтрацијата“ вели [6]:

Проблемот започна на 4ти мај, сабота. Наидуваш на проблеми при користењето на софтвер за анти-филтрација и доаѓа до прекин на интернет конекцијата.

@SHoBBarMZ на Твитер напиша [7]:

„Филтерот е поблизу до тебе од Господ.“ Министерство за комуникации

Некои нетизени директно се обраќаат на иранскиот режим. @Babakaram на Твитер објави [8]:

Биди горд на тоа што имаш една од најсилните сајбер армии, а сепак ја користиш само за рестрикции и филтрирања.

Во друг твит од истата личност се вели [9], некогаш властите велат дека многу земји се соочуваат со филтрирања и дека тоа е сосема нормална појава.

@Mahtab твита [10]:

Кога ќе остариме, ќе им раскажуваме на своите внуци дека причината поради која остаревме е филтрирањето.

Блогерот Андарбаба ги охрабрува [11] граѓаните од Иран ширум светот да протестираат против интернет-филтрирањето без разлика на нивните политички ставови.

Иранското филтрирање не ги засега само Иранците. Колин Д. Андерсон, компјутерски истражувач од САД редовно споделува на Твитер [12] за иранската цензура. Тоа е вистински прозорец кон ситуацијата за секој кој сака да дознае повеќе за реалната состојба со виртуелниот Иран.