- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Нигерија: Твитање на парламентарните избори 2011

Категории: Супсахарска Африка, Нигерија, Граѓански медиуми, Избори, Политика

Користејќи го хаштагот #NigeriaDecides, Нигеријците онлајн зборуваа за денешните парламентарни избори што првично беа закажани за 2 април 2001 година.

@dejigbenro [1]:

Гласањето започна, испадна импресивно. #Nigeriadecides http://plixi.com/p/90828803

@llyotowo [2]:

Гласањето започна! Возбудата е видлива! Поголем број на жени гласачи! #girlpower ! #Nigeriadecides

@oluwafemipitan [3]:

Момци одат по улицата и ѕвонат и најавуваат дека гласањето е започнато. Народот навистина се разбудил! #NigeriaDecides

Newspaper vendor outside a polling station during the 2011 elections in Nigeria. Image by Flickr user ComSec (CC BY-NC 2.0). [4]

Продавач на весник надвор кај гласачкото место за време на изборите во Нигерија 2011 година. Фотографија на корисник на Фликр, ComSec (Криејтив Комонс, Наведи извор-Некомерцијално 2.0).

@madayo [5]:

Наиџа културата е во акција: На моето гласачко место, на постарите гласачи им беше дозволено да гласаат преку ред http://twitpic.com/4ioz1k #nigeriadecides

@MsChika411 [6]:

Ги украдоа материјалите во општината Овери и им беше дозволено само на луѓе од ПДП во канцеларјата на ИНЕК cc:@inecnigeria #nigeriadecides

@purefoyCNN [7]:

Извештаи за украдени гласачки кутии и како млади луѓе пукаат во воздух во Угхели, Делта #Nigeriadecides http://tumblr.com/x7f21tjyg9

@aaramz [8]:

Детонирана бомба на гласачкото место во Маидокири. #NigeriaDecides

@4eyedmonk [9]:

Само 60 од 800 гласачи на списокот гласаа за акредитација во Идови, Мартинс. #NigeriaDecides

@Tomi_Oladipo [10]:

Само што стигнав до Леки. Голема драма бидејќи гласачките имиња сè уште не се на листата #NigeriaDecides

@tutite4life [11]:

#nigeriadecides 7 од 786 регистрирани во 10 единица, на само 60 им беше дозволено да гласаат. Ова е смешно за Нигерија.

@arhyell [12]:

#NigeriaDecides- Барам да целиот свет се моли за земјата – ни требаат добри лидери, ни треба трансформација, ни треба една Нигерија #sobs

@aikayboy [13]:

Според @inecnigeria редици се формираа за 30 минути, но акредитацијата сè уште трае во повеќето центри. #NigeriaDecides

@odemo [14]:

Во околината маласандри во Борно… 50 од 100 работници сè уште чекаат на гласачките ливчиња и тоа уште од 8 часот…#nigeriadecides

@AyoBankole [15]:

Долга редица на постари, бремени и млади со чадори под сонцето, како чекаат да направат промена #NigeriaDecides #iamLagos http://plixi.com/p/90834277

@akinwalexy [16]:

Полицаец на гласачкото место изгледа дека му е досадно. Подобро би бил на контролната точка. #NigeriaDecides

@dejigbenro [17]:

Поранешниот претседател, Олусегин Обасанхо го дава својот глас. #Nigeriadecides http://plixi.com/p/90833904