Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Мароко: СИДА, пари и сексуални играчки

Мароко има низок процент на ХИВ инфекции, во споредба со други африкански земји. Според официјалните бројки, 2,800 Мароканци покажале симптоми на болеста, додека 22,300 се инфицирани и живеат со вирусот, почнувајќи од откривањето на болеста во 1980-та година. На 25 април низ целата земја беше организиран ден за кампања, информирање и проверка за ХИВ/СИДА.

Гледање во морето од gwgs на Фликр.

Гледање во морето од gwgs на Фликр.

Земјата има репутација на толерантност и иако во голем дел се работи за младо и делумно отворено општество, сè уште постојат примери на предрасуди за луѓето кои страдаат од вирусот и стигмата поврзана со ХИВ/СИДАТА, за што нé потсетува блогерот Miloud:

ينظر المجتمع المغربي إلى هؤلاء المصابين باحتقار أحيانا وبخوف في أحايين أخرى، فالمغاربة يعتبرون أن السيدا لعنة إلهية تصيب المرء عقابا على سلوكه المنحرف البعيد عن الأخلاق والدين الإسلامي، وبناء على ذلك ينبذون المصابين […] يعيشون وسط القلق والاكتئاب والميولات الانتحارية بسبب هذا النبذالاجتماعي وعدم التفهم الذي قد يكون في كثير من الأحيان من طرف أقرب الأقرباء.

Мароканското општество понекогаш ги гледа заразените со презир, понекогаш со страв. Мароканците сметаат дека ХИВ/СИДАТА се божја казна која што се применува како казна за девијантно однесување спротивно на етиката и на исламската религија, па затоа и ги отфрлаат заразените. […] [Жртвите] живеат во состојба на нервоза и депресија, со тенденции на самоубиство предизвикани од ова социјално отуѓување и од недостигот на сочувство, понекогаш дури и од блиски роднини.

Gay-Maroc-Musul , блог кој се занимава со прашања поврзани со Мароканците-хомосексуалци, нè потсетува колку е значајно финансирањето и објаснува како НВО, вклучувајќи ја и мароканската истакната асоцијација против сидата ALCS, која што на 22 април, се сретна со францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, за да побара повеќе средства за Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, но се разочара од одговорот на министерот:

[Les associations] ont fait valoir que le Fond Mondial n’avait plus assez de ressources pour financer tous les projets techniquement et scientifiquement validés qui lui sont soumis par les pays les plus pauvres. Mais Bernard Kouchner a clairement exclu toute augmentation de la France au Fonds mondial, confirmant juste le maintien de son financement actuel.

Асоцијациите го изнесоа фактот дека на Глобалниот фонд му недостасуваат средства да ги финансира проектите кои се сметаат за технички и научно корисни, доставени од страна на најсиромашните земји. Но, Бернар Кушнер јасно го исклучи зголемувањето на [учеството на] Франција во Глобалниот фонд, и само потврди дека неговата земја ќе продолжи да придонесува како што досега придонесувала.

Пандемијата ХИВ-СИДА неодамна го трансформира пристапот на многу земји спрема сексуалните прашања што долго беа сметани за табу тема, особено во конзервативните општества. И како што мароканското општество се обидува да го пронајде најдобриот начин да ја победи инфекцијата, и како дискусијата за сексуални прашања станува сé поотворена на блогосферата, учиме за знаците на „сексуална еманципација“, како што некои би ја нарекле. Според Ванеса Пелегрин новинарка во Казабланка и блогер на колеквитниот блог Казавејвсs:

Contrairement aux idées reçues, les marocaines (surtout celles âgées entre 20 et 25 ans) sont friandes [de sextoys]. Mis à part les commandes privées faites à une amie qui s’envolerait pour l’Europe, et qui ramènerait avec elle un jouet coquin sous le manteau, il existe de vrais réseaux, parfaitement discrets et organisés qui se chargent de vendre ces jouets pour adultes.

Спротивно на избрзаните идеи, жените во Мароко (особено оние на возраст меѓу 20 и 25 години) сакаат сексуални играчки. Покрај приватните нарачки донесени од пријател кој оди во Европа и кој скришум може да им донесе некои палави играчки. Воспоставени се вистински мрежи за продажба на овие предмети за возрасни, кои се совршено дискретни и организирани.

Оваа статија предизвика ентузијастичен и френетичен одговор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.