Емитувањето на тепачката меѓу двајца судии на Врховниот суд на Бразил (ВСБ) во живо ги потресе Бразилците. Претседателот на Врховниот суд Гилмар Мендез и судијата Жоаким Барбоса се скараa на 22, во средата, за време на судењето за можната неуставност на законот со кој се воспоставуваат промени во градските регистри. Врелата караница се случи пред илјадниците гледачи на TV Justiça и набрзо сликите се појавија на интернет. Засега, дебата останува активна во блогосферата.
Фотографија од снимката
Барбоса го обвини Мендез за „уништување на кредибилитетот на правниот систем“. Исто така, тој го предизвика Мендез да зборува со човекот на улицата, да оцени колку ниско е неговото ниво на популарност. Мендез, по него, го обвинил Барбоса дека „нема доволно морал да држи некому лекција. Видео снимката со препирањето е овде [португалски]. Марисина, која што го следела настанот во живо, остави коментар на блогот на Опус Лури [португалски] и вели дека караницата била несоодветна:
Terrível incidente. Se Gilmar está destruindo a Justiça.. Barbosa está colaborando para jogá-la no ridículo.
По настанот, заседавањето на судот се одложи и Барбоса замина. Мендес се сретна со сите судии освен со двајца (покрај Барбоса, еден судија беше на одмор). На крајот, тие дадоа изјава [португалски] преку која ја изразуваат нивната „доверба и почит“ за Мендес. Оттогаш претседателот негира дека постои криза во рамки на судот.
Марко Бахе од блогот Acerto de Contas [португалски] вели дека општеството има потреба да реагира и е сигурен дека поголем дел од населението е на страната на Жоаким Барбоса. Блогот започна онлајн петиција [португалски] за негова поддршка и досега се потпишале повеќе од 2,000 луѓе.
As palavras do ministro do Supremo Tribunal Federal Joaquim Barbosa, ontem, dão esperanças ao povo brasileiro. Enfim, um homem sério no Judiciário se pronuncia contra a aberração ética, moral e jurídica que é o senhor Gilmar “Dantas” Mendes. (…)
Gilmar conseguiu arrancar, ainda ontem, a assinatura de apoio de oito dos 11 ministros do STF. Foi uma carta curta que diz o seguinte: “Os ministros do Supremo Tribunal Federal que subscrevem esta nota, reunidos após a sessão plenária de 22 de abril de 2009, reafirmam a confiança e o respeito ao senhor ministro Gilmar Mendes na sua atuação institucional como presidente do Supremo, lamentando o episódio ocorrido nesta data.
Гилмар, вчера, успеа да собере потписи за поддршка од 8 од 11 судии од ВС. Тоа е кратко писмо кое гласи: „Судиите на Врховниот суд на Бразил потпишани подолу, по пленарната седница која се одржа на 22-ри април 2009 година, се убедени во довербата и во почитта кон г-дин Гилмар Мендес, во неговата институционална улога како Претседател на Врховниот суд и зажали за настанот кој што се случи на овој датум.
Жоаким Барбоса – Дел од снимката
Со осум потписи, документот изгледаше како да има безусловна поддршка од советот. Сепак, Blog do Melo [португалски] наведува коментар оставен на Blog do Azenha, каде Марио де Оливеира изнесе нова информација која што досега беше игнорирана од клучните весници: шест од осумте министри работат за Instituto Brasiliense de Direito Público – IDP, приватен универзитет во сопственост на Гилмар Мендес:
“Entre os professores desse instituto estão os senhores Eros Roberto Grau, Marco Aurélio Mendes de Faria Mello, Carlos Ayres Britto, Carlos Alberto Menezes Direito e a senhora Cármen Lúcia Antunes Rocha (cinco Ministros do Supremo). Ou seja, alguns dos Ministros do Supremo também são funcionários, empregados, prestadores de serviço ou contratados, seja lá como possa ser definida legalmente, a relação deles com o IDP do Presidente do Supremo. Também está na relação o Ministro Nelson Jobim.
Треба ли етнички и морално да се спречи да зборуваат за кавгата меѓу Жоаким Барбоса и Гилмар Мендес? Во овој случај, нема ли конфликт на интереси земајќи го предвид тоа дека горенаведените се во таква поврзаност со наведениот претседател на Врховниот суд која што вклучува надоместок?
Незадоволна од забелешката напишана од судиите, Тандај Аван [португалски] го постави на блог својот сопствен манифест:
“Se os oito ministros do STF emitiram nota de apoio ao Min. Gilmar Mendes, Presidente do STF eu, Tandai Ayan, brasileira, eleitora apta em meu município, contribuinte regular dos impostos, dentre estes os que pagam os salários dos eminentes Ministros do STF, quero aqui, MANIFESTAR MEU APOIO, de público, ao MINISTRO JOAQUIM BARBOSA, não somente pelo episódio ocorrido, mas, sobretudo, por traduzir a insatisfação do Povo Brasileiro neste contexto atual do Poder Judiciário, e particularmente de minha pessoa, como cidadã que sou, na defesa dos princípios constitucionais e na moralidade do Poder Judiciário.”
Гилмар Мендес – Дел од снимката
Постојат некои гласини и за Гилмар Мендес. Меѓу нив, Адруалдо Катао [португалски] верува дека Гилмар Мендес е добар судија кој си ја врши работата и кој е жртва на напад кој се емитува во живо:
“O Ministro Barbosa precisa pensar um pouco na responsabilidade de sua missão. Sair por aí atirando pedras, simplesmente porque discorda da tese dos outros não é algo próprio de um membro do STF. Muito menos repercutir acusações abstratas de blogueiros e revistas. Se tem algo contra Mendes, que prove.”
Едуардо Граеф [португалски] верува дека караницата покрена фундаментално прашање за земјата: судирот меѓу модернизацијата и конзервативноста во правосудниот систем во Бразил. Тој вели дека некои може да го сметаат Гилмар Мендес за проблем, но тој е охрабрување за други, како него:
“Os conservadores reclamam do ativismo do presidente do STF. Esse pecado é na verdade a grande virtude de Gilmar Mendes. Ele comprou a briga pela modernização da Justiça. Pisou no acelerador das mudanças possibilitadas pela Constituição de 1988 e começadas por Nelson Jobim e Ellen Gracie. Botou o dedo nas feridas do corporativismo, do laxismo, do populismo judicial.”
Реакции на медиумските реакции
Гилмар Мендес секогаш уживал почит кај медиумите и покрај контроверзните одлуки кои предизвикаа значителен бес во правните кругови, и како резултат, му ја уништија неговата популарност. Луис Насиф [португалски] ги собира реакциите на медиумите на караницата и вели дека е крајно време водечките медиуми да прогледаат:
“A resistência da mídia em manter os olhos fechados a essa postura horrorosa de Gilmar Mendes cobrou um preço altíssimo, no descrédito dos jornalões. Já escrevi algumas vezes que jamais vi um divórcio igual entre a linha dos jornais e o pensamento do leitor.”
Луис Карлос Азена наведува факти што медиумите треба да ги отсликуваат наместо да се фокусираат на „лошото расположение“ на Барбоса. Тој вели дека медиумите се тука да не дезинформираат, да не збунат – не да ни објаснат. Тој заклучува:
“Ora, para explicar os motivos por trás do bate-boca entre Gilmar Mendes e Joaquim Barbosa, a mídia seria obrigada a fazer o que não fez até agora: informar. Por isso, tanto ela quanto Gilmar Mendes vão mudar de assunto rapidinho.”
На Твитер, @candidanobre ја покажува разликата меѓу традиционалните и општествените медиуми:
gilmar mendes dominando a grande mídia e o #joaquimbarbosaday movimentando por aqui. Por estas, ainda tenho esperança na rede.
Онлајн реакции и #joaquimbarbosaday
За многу интернет граѓани, судијата Жоаким Барабоса го мисли истото што и многу Бразилци го мислат за Гилмар Мендес и општествените мрежи се полни со реакции. Многу нови општини го отворија популарниот Оркут, а некои од нив дури го предложија Жоаким Барбоса за претседателски кандидат за изборите во 2010 година. Креиран е еден нов блог – Јас сум фан на судијата Жоаким Переира (I am a fan of judge Joaquim Pereira). Но, повеќе интересни реакции се појавија во Твитер сферата, со многу луѓе кои ги менуваат аватарите со цел да му искажат поддршка на Барбоса. Тоа беше #joaquimbarbosaday:
Блогот Twitter Brazilians [португалски] објаснува како се започнало: @direitodopovo утрото објави слика од Жоаким Барбоса како негов аватар и тагот #joaquimbarbosaday.
“A campanha, criada por @direitodopovo, rendeu mais de 400 mensagens e a participação de 50 tuiteiros, uma média de 8 mensagens por usuário.”
Објавено на 23 април 2009 год. од arlesophia
Антонио Арлес [португалски] вели дека мрежата се покажа уште еднаш како значајно средство за исполнување на граѓанската обврска :
“Através do Twitter fizemos um “twitasso” (manifestação virtual) para apoiar o Ministro Joaquim Barbosa, que ontem (22) falou o que estava entalado na garganta de grande parte do povo brasileiro para o ministro Gilmar Mendes. O ministro Gilmar Mendes, presidente do STF, vem desmoralizando a Justiça com seus arroubos autoritários e suas “ligação perigosas” com bandidos julgados e condenados.”
Здрава караница
И покрај големиот критицизам на караницата меѓу судиите на Врховниот суд од страна на медиумите и публиката, и покрај фактот дека истата беше емитувана во живо на телевизија, некои судии веруваат дека ова е чекор напред. Маркос Аленкар [португалски] посакува секоја судска седница во земјата да се емитува во живо со цел да се зголеми транспарентноста:
“Quase todos os dias, sabemos de histórias envolvendo discussões acirradas e desrespeitosas entre Juízes e advogados, que se esvaem diante da falta de provas. Com a filmagem, isso seria coibido e teríamos como apurar quem provocou os desrespeitou quem.
Imagine se essa sessão do STF não tivesse sido filmada, divulgada ao vivo na TV Justiça? Certamente ficaria apenas no disse-me-disse, muito diferente de todo o espetáculo televisivo.
Tenho certeza que filmadas as audiências o respeito entre os Magistrados e advogados reinariam, continuaria a haver confronto, mas dentro de uma linha de respeito.”
Замислете ако оваа седница на Врховниот суд не беше снимена, ако не беше емитувана во живо на телевизија? Сигурно за тоа ќе дознававме од тајни канали, многу поразлични од ТВ емисиите.
Сигурен сум дека, ако се снимаа судските седници, ќе имаше повеќе почит меѓу судиите и адвокатите, ќе постоеја судири, но со повеќе почит.
Судијата Хорхе Алегро Араухо [португалски] верува дека жешките дебати општоземено се позитивни:
“É muito bom que tenhamos um certo embate na nossa Corte Superior. Dá uma sensação de que as decisões não são de bastidores e que os magistrados de primeiro grau, e por conseguinte o Poder Judiciário como um todo, têm, por exemplo nas pessoas dos ministros Joaquim Barbosa e Marco Aurélio, seus atentos defensores, havendo aquele importante contrapeso que impede que a Justiça, nas palavras do próprio Ministro Joaquim Barbosa, seja destruída.”