Јужна Африка: Време е за Диски

Постојат многу официјални ознаки, белези и логоа кои ги дефинираат спортските настани во целиот свет. Оваа година, Светското првенство ФИФА 2010 во Јужна Африка не е по ништо различно. Го имаме официјалното ФИФА лого, официјалната ФИФА маскотата (Zakumi), официјалниот заштитен знак на ФИФА и сега – официјалното танцување.

Не само што годинава за прв пат Светското првенство се одржува на африканскиот континент туку и за прв пат светскиот куп ќе има официјално танцување инспирирано од потези од фудбалските терени ширум Јужна Африка.

Dispatch 24/7 го објаснува Диски вака:

Танцот е базиран на уникатниот начин на кој Јужноафриканците играат фудбал, „ритмички, малку претенциозен, но никогаш не се здодевни“ според оние кои знаат.

Goal.com оди подалеку:

Диски е често употребуван сленг во квартовите во Јужна Африка за играта на фудбалот и диски танцот подеднакво рутински покажа дека нацијата има страст за овој спорт. Танцот е врз основа на она што Венди Рамокгади, кореограф на диски танцот, го нарекува „нашиот сопствен фудбал стил на квартовите“.

„Целата идеја беше тоа што ни моравме да смислиме нешто што е навистина јужноафричко. Фудбалот во нашата земја е ритмички па така сите потези кои ние ги користиме во танцот се истите потези кои се користат на фудбалските терени во Јужна африка, потези кои можат да се најдат само тука“, рече Рамокгади.

„Диски танцот е една од работите на кои сум на кој сум најмногу горд и навистина сум возбуден за тоа. Кога овие луѓе доаѓаат во нашата земја, нека дојдат и нека го осетат ритамот на Африка.“

Претседателот на Јужна Африка, Јакоб Зума исто така влезе во играта, како што објавија од 2010gifts.com:

Претседателот Јакоб Зума ја изнасмеа толпата додека се обидуваше да го научи Диски танцот.

Се чини дека Диски танцот ја опфаќа и имагинацијата на луѓето од бреговите на Јужна Африка. Мет Хардинг, од Каде во светот е Мет (Where in the World is Matt), изгледа ги совладал потезите на Диски перфектно. Еве го во ова шармантно видео:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.