Чилеанската кампања за спречување на подведување на малолетници стана вирална

Кампањата на Чилеанската полиција за спречување на малолетничко подведување веќе се здоби со над 5 милиони прегледувања. Таа стана успешна и надвор од границите на оваа држава според сајтот Верне.

Видеото беше објавено на Фејсбук за да се покрене свесноста кај младите. Во видеото се раскажува приказната на една тинејџерка која закажува состанок со момче кое го запознала на некоја од социјалните мрежи. Момчето, кое барало од девојката да му испрати „секси“ фотографии, е постаро од тоа што таа го замислила. Видеото не води до тоа да мислиме дека девојката била злоставена.

Aугусто Шустер, многу популарен чилеански тинејџер актер и пејач со 270,000 следачи на Твитер беше дел од оваа кампања. На крајот на видеото, кое исто така е достапно на Јутјуб, Шустер ги прашува децата: „Колкумина од вашите пријатели на социјалните мрежи навистина ги познавате? Подведувањето не е игра. Тоа е злоупотреба. Запомнете дека на интернет, фотографиите не се само ваши, тие се сечии.“

Терминот подведување доаѓа од „groom” што значи да се грижиш за некого. Groomers (подведувачите) се преправаат дека се тинејџери за да ги измамат тинејџерите на социјалните мрежи и се здобиваат со нивната доверба многу постепено, потоа им бараат интимни фотографии, или закажуваат состаноци кои потоа можат да доведат до сексуално злоставување. Покрај видеото, чилеанската кампања нуди совети – дури и тест- да им помогне на децата да забележат опасни однесувања. Од Верне додаваат дека од полицијата го промовираат хаштагот #todoscontraelgrooming (сите против подведување).

Самоевалуација: Дали сум изложен на подведување?

1. Имам профил на повеќе од една социјална мрежа.

2. Имам повеќе од 250 пријатели на Фејсбук.

3. Имам прифатено понуди за пријателство од луѓе кои не ги знам.

4. Имам воспоставено силни релации со луѓе кои не сум ги запознал во живо.

5. Сум излегувал на состаноци со луѓе кои не сум ги запознал претходно во живо.

6. Сум зборувал со непознати лица преку веб камера.

7. Сум закажувал состаноци со луѓе кои сум ги запознал онлајн.

8. Сум се фотографирал облечен само во долна облека.

9. Сум ги фотографирал интимните делови од моето тело.

10. Од мене било побарано да изведам стриптиз пред веб камера или да испратам интимни фотографии.

11. Сум бил присилен да испратам интимни фотографии.

Доколку одговоривте со ДА на прашањата:

1-5 Вие сте под опасност да бидете контактирани од подведувач

6-8 Вие веројатно сте биле исконтактирани од подведувач и сте под ризик.

9-11 Вие сте биле жртва на подведувач.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.