Украинските законодавци предложуваат забрана за абортус
На почетокот од април, тројца пратеници од опозициската политичка сила “Svoboda” [“Слобода”] регистрираа предлог закон со кој би се забранил абортусот во Украина. Единствените исклучоци од овој предлог би биле случаи на бременост кои се опасни по животот на мајката, каде фетусот имал тешки патологии, и каде е докажано дека бременоста е резултат на силување. Оваа иницијатива се појавува само година дена по последниот обид на украинските законодавци да го забранат абортусот.
Во објаснувањето на нацрт-закнот, авторите на овој предлог ја оправдуваат потребата од ваков вид на рестрикција наведувајќи ги следните аргументи:
И покрај надолната тенденција, бројот на абортуси во Украина останува меѓу највисоките во Европа со 21.1 абортуси годишно на 1000 жени на возраст за раѓање деца; 45.8 абортуси на 100 случаи на бременост или 84 абортуси на секои 100 пораѓања.
[…]
Неопходно е да биде забележано, дека (кога беа присвоени последните регулации за абортуси) следниот факт не беше земен предвид: според серија на научни медицински истражувања, дете кое било абортирано го искусува истото ниво на страдање како било која возрасна личност која е мачена до смрт. Згора на тоа, абортусите имаат негативни последници на психолошкото и физичко здравје на сите вклучени.
[…]
Во повеќето региони од Украина, бројот на смртни случаи е приближно три пати помал од бројот на родени деца. Во текот на последните 20 години, популацијата на Украина се намалила за 5 милиони (од 52 на 47 милиони). Доколку ваквата демографска динамика продолжи, за неколку години, имигранти, претежно од Азија ќе го претставуваат мнозинството во Украина.
Една од главните причини позади ваквите демографски тенденции е правото на абортус.
Законодавците исто така го споделија и негативниот став за абортусите споделен од страна на сите христијански цркви во Украина.
Предлогот се докажа за прилично контроверзен и предизвика активни дискусии како на интернет, така и офлајн.
Многумина кои досега коментираа веднаш се фокусираа на прашањето за докажување на случај на силување на суд. Репортерите од големата украинска ТВ станица, TSN, забележаа дека само 10 проценти од пријавените обвинувања за силување преминале во судски случаи и го прашаа Олександр Сич, еден од авторите на овој предлог-закон, што би требала една жена да направи доколку останала бремена, но не успеала да докаже дека била жртва на силување. Пратеникот на тоа одговори:
Моја работа не е спроведување на законот, јас не работам во полиција и не знам што една жена може да докаже или не може… Но, пред се, таа треба да живее таков живот да не биде изложена на ризик од силување. Поконкретно, таа не треба да пие алкохолни пијалоци кога е во друштво на сомнителни личности.
Оваа изјава интензивно циркулираше на интернет, беше споделувана и за неа беа отворени дискусии на Фејсбук, од страна на обични корисници, новинари и активисти.
Корисникот Серхиј Маслиученко напиша:
Овој закон е само уште еден обид на државата и бирократите да се вмешаат во приватниот живот на граѓаните… кога нив им фали мозок за да направат нешто со економијата, науката, образованието, екологијата, тие измислуваат закони како овој […]
Корисникот Васил Мартјук не се согласува:
Не ја сметам “Svoboda” како лек-за-сè, но го поддржувам овој предлог! Украина е една од водечките земји кога станува збор за бројот на абортуси – ова е ужасно!
Фејсбук корисникот Андреј Антони напиша:
Пред предложување на ваков закон (ти) треба да вратиш некаков ред во земјата. Како може да предложуваш вакви иницијативи во држава каде нема никакви патишта, никаков закон за ред и бескрајна корупција насекаде? […]
Корисникот Елена Бондаренко напиша:
[Ова е само] друга шанса за гинеколозите [да направат богатство] – незаконски абортуси!!! Малку ли фрлени во ѓубре новороденчиња се наоѓаат секојдневно? Премногу во сиропиталиштата? ИДИОТИ!! Создавајте социјални и економски услови за родителство, не ограничувања!!!
Корисникот Мариана Гончарова коментира:
Ова е еден од оние случаи каде е потребен родово-сензитивен пристап. Зашто е ова прашање воопшто поставено од страна на мажи? […]
Корисникот Виталиј Диаченко го исмева предлогот:
Svoboda треба да присвои друг закон каде на нивните членови им се забранува секс, освен доколку не наведат пишан документ во кој е стои дека единствената цел позади овој сексуален чин е создавање потомство.
Корисникот Јевгениј Икелзон се прашува зошто е толку мала јавната реакција на овој предлг-закон:
[Каков] парадокс, луѓето кои ги навредуваат Муслиманите за тоа што ги тераат своите жени да носат марами на главите, мирно го прифаќаат предлогот на пратениците за забрана на абортуси […].
Новинарот Ирина Славинска го критикува овој предлог:
[…] за да се бориш со високите броеви на несакани случаи на бременост, треба во училиштата да биде воведен предмет по сексуална едукација и треба да постојат места каде би се делеле бесплатни контрацептивни средства, а не да за забрануваат абортуси.
Многу корисници се повикуваат на моралниот и етичкиот аспект на абортусот. Конкретно, една ваква дискусија се случи на Фејсбук страницата на лекарот и активист Евгениј Комаровски.
Корисникот Јулија Железнова напиша:
Оние кои тука коментираат, за жал, не ме разубедија, туку само го засилија мојот став. За жал, во нашето модерно општество има толку многу жени кои не го сметаат не само моралниот аспект на абортусот, но дури и основните прашања поврзани со нивното здравје. […] Постојат толку многу аргументи за докажување дека станува збор за убиство. Крај.
Додавајќи на истата дискусија, корисникот Олга Шандра напиша:
Мислам дека абортусот е индивидуален избор на секоја жена, базиран на нејзините морални и етички принципи, и дефинитивно не е избор на пратениците, психолозите, јавните пропагирачи на морал и така натаму.
Корисникот Енела Адониева напиша:
Јас сум против абортус. Но жената треба да има право на избор. Тој избор не треба да биде направен од страна на политичарите.
Моментално, абортусот во Украина е легален до 12тата недела од бременоста (22рата во итни случаи). Украина е една од земјите водечки во Европа по бројот на абортуси на годишно ниво, иако има воочлива надолна тенденција. Случаи на „Абортус туризам“ на земјите од соседството каде законите се порестриктивни, како Полска, се исто така документирани.
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!