- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кореја: Оставка на кралот на кралството Самсунг

Категории: Популарен напис, Источна Азија, Јужна Кореја, Економија и бизнис, Закон

Кралот на Самсунг, Ли Кун-Хи, конечно ја објави својата оставка минатиот месец. По ова соопштение, неколку нетизени собраа мислења од други на оваа тема [1] и колку оваа постапка ќе влијае на корејската економија, а се прашуваа и дали гестот навистина ќе направи промени внатре во кралството на Самсунг.

Ли Кун-Хи, директорот на Самсунг, реши да се откаже од сите позиции кои го поврзуваат со Самсунг. Неговиот син, Ли Чае-Јонг, ќе се повлече од неговата позицијата во Самсунг Електроникс и наместо тоа ќе бара повеќе искуства надвор од земјата. Раководителите, вклучувајќи ги Ли Кун-Хи и Ли Хак-Со, најавија и 10 листи со нови предлози за управување во главната зграда на Самсунг, каде тие ја имаа прес-конференцијата. Тие ќе го напуштат секторот за стратешко планирање кое функционираше како контролна кула во Самсунг, а сопственоста на Ли Хак-Су на добивката од 4 билиони 5 милијарди, која беше поставена во сметка во банка под лажно име, ќе биде искористена за општеството, а не за индивидуални бенефиции.
По оставката на Ли Кун-Хи, Ли Су-Бин, кој моментално е директор на Самсунг осигурувањето, е назначен за претставник на Самсунг. Тие ќе го поддржат комитетот на претставници за претставниците од филијалите да можат да работат заедно во рамнотежа и под нивна контрола, ќе го направат оперативниот оддел во кое 2-3 луѓе ќе се грижат за администрацијата и ќе имаат одговорност како претставници на Самсунг.
Новиот менаџерски предлог кој Самсунг го даде на 22ри: што мислат нетизените за него?

Фотографија од Ли Кун-Хи

Фотографија од ПариДенес [2]

Следат неколку мислења.

По овој процес, загрижен сум дека Самсунг ќе добие синдикати како Даеву и Хјундаи и ќе изгуби од економската моќ. По јапонските медиуми читам дека Самсунг треба да пропадне… Најискрено, нашата земја нема многу работи. Ако го има брендот на Самсунг на униформите на фудбалерите на Челзи, тој ќе биде виден од целиот свет. Многу е полесно да се види марката на Самсунг отколку името на Кореја. Зошто луѓето толку сакаат да го напаѓаат Самсунг? Слушнав дека многу придонесуваат за општеството… Сакам да знам што сакаат да постигнат со ваквиот напад на Самсунг…

Моето момче работи во Самсунг и го прашав како луѓето таму го примија овој скандал. Тој рече дека сите се во шок… Но не дека тие се апсолутно изненадени и тажни… Сите чувствуваат дека ќе има големи внатрешни промени. Всушност, тој требал да даде оставка оваа година. Затоа тој дел не ги зачудил. Проблемот е во тоа што оставката била проследена со таков лош скандал.

Зошто едноставно не престанеме? Мислите дека е лесно да се изгради компанија? Насекаде има лобирање, а и без тоа е тешко да се има бизнис. Со знаење барем, ве молам оставете ги вашите мислења. Луѓе кои се бизнисмени одат во други компании и имаат проблеми да ги продадат своите производи. Со цел да направат нарачка, тие водат битки. Тие сите работат напорно за национални бенефиции. Тогаш зошто ги критикуваме, наместо да ги пофалиме? Со тоа и наштетуваме на нашата земја. Се разбира дека да имаме бизнис без ниедна дамка би било подобро, но реалноста не е таква.

Без некои посебни фаворити… Самсунг не постигна огромни постигнувања со специјални услуги и неправилности. Тие дури изгубија неколку компании поради политичката власт… Во моментов, Донгјанг Бродкаст, Донгјанг Радио, Донгјанг ФМ, берзата и Самсунг автомобилите… сите тие беа на Самсунг, но тие мораа да се откажат од нив. Политичките власти кои ги ограбуваат компаниите се бесрамни. Политичките власти се полоши од хиена. Ако вкусот не е доволно добар за политичките власти, тие ја растураат компанијата.

Поентата е дека иако Самсунг се издигна толку брзо и влијае на домашната економија, тие не го следеа законот. Фамилијата на Ли Кун-Хи ги оштети акционерите и филијалите на Самсунг. Покрај избегнувањето на данок, тие поткупија владини претставници и ги прекршија законите на земјата. Тие се “лоши“ криминалци кои го забрзуваат намалувањето на моралот. ТВ програмите ги водат луѓе кои го избегнуваат данокот иако заработуваат многу пари за да го платат. Но оваа програма може не е популарна повеќе, бидејќи покажува дека не можат да се фатат големите крадци и се занимава со малите.

…но… ако отидеме во странство… Самсунг е многу попознат отколку во Кореја… Владата треба да влијае постепено, а не само во вакви времиња… Премногу е… најискрено владата сама по себе е неблагодарна.

Треба да ги смениме нашите перспективи за компаниите. Да не велиме дека сите се лоши. Треба да ги оцениме откако ќе ги погледнеме добрите и лошите делови. А секако е време на глобализација. Ако земјата врши премногу притисок врз компаниите, тие можат само да користат трикови, валкани пари со цел да ги избегнат таквите контроли. Инаку ќе се преселат во друга држава. Ова е време на глобализација. Компаниите над националноста и со моќ може да даваат услуги. Секако, поткупувањето е незаконско, но пред се компаниите мора да преживеат.

Секако е време за тој да даде отказ. Во Самсунг тоа не е изненадување. Време е неговиот син, Ли Чае-Јонг да го заземе тронот. Значи, тој даде отказ. Откако беше обелоденето дека компанијата Елон има валкани пари и извршила измама од 1/10 од онаа на Самсунг, директорот беше уапсен и осуден на доживотен затвор. Нашата земја сепак е великодушна кон прекршителите на економските закони, иако тие ја потресуваат нашата економија. Не само што го напушта местото, тој треба да оди и во затвор. Самсунг, те молам плаќај го данокот чесно.

Тој е оној кој створи компанија која ја претставува Кореја. Компаниите кои ќе се радуваат на неговата оставка се јапонските. Неговата улога е толку важна и е полна со харизма. Ако кралот го напушти својот трон, тогаш јас сум навистина загрижен за иднината на Кореја.

Ли Кун-Хи е криминалец. Не наоѓај изговори во јапонските компании. Што значи каризма? Дали тоа значи дека тој го направи Самсунг бирократски? Дали тоа значи дека тоа е начинот со кој тој и неговиот син ги полнеа своите џебови со пари кои требаше да одат кај акционерите?

Не дека Ли Кун-Хи е еднаков на Самсунг. Самсунг е корпорација. Ние го гледаме како Бил Гејтс од Кореја, но сега лов на вештерки? Самсунг е претставен како светска корпорација, но ние бараме интегритет? Вие сте аматери. Дали Бил Гејтс го раководеше МС со перфектен интегритет? Тоа е глобална корпорација што прави се освен да убива. Вие сте аматери…

Велиме дека е тотално корумпиран, но дури и Буш не се грижеше за војната за нафта. Лобирањето е исто така способност во бизнисот. Тоа дури и не можете да го видите во мала компанија. Вие дури не можете ни да влезете во Кина без лобирање. Можеби мислите дека Самсунг во другите земји користи многу пари за лобирање, но не е така. Дали мислите дека Самсунг ќе биде во ред без Ли Кун-Хи? Нема шанси… луѓето што имаат компании знаат за што зборувам. Вие не знаете колку е важно основното лепило. Дали мислите дека змејовите лесно летаат во небото? Не, потребно е основното лепило. Тоа е како да убиете кокошка која несе златни јајца, бидејќи има злато.

Неодамнешните настани имаат две страни. Како што сите знаат, откако е петтата влада на Република Кореја, постојат врски помеѓу политиката и бизнисот. Овој обичај ќе продолжи уште некое време. Како што “периодот на тројцата Ким“ заврши, вклучените политичари ќе бидат трансформирани во оние со нови перспективи. Се надевам дека овој директен напад на Самсунг ќе помогне компаниите во Кореја да станат транспаренти повеќе. Но не можам да разберам зошто политичарите, полицајците и владините претставници не беа дел од истрагата. Нелегалните активности кои ги изврши Ли Кун-Хи треба да бидат разгледани од легални процеси, но по се изгледа овој случај беше резултат од преговори помеѓу Самсунг и обвинителството.

Мислам дека ова е добар почеток за иднината на Самсунг… Со оваа можност, тие можат да направат потранспарентно раководство на Самсунг и во иднина да прераснат во глобална корпорација. Мислам дека и во други големи компании треба да се изврши истрага. Она што не треба да го заборавиме е дека адвокатот Кум Јонг Чул треба да биде казнет наместо да го прави херој затоа што ја откри корупцијата во Самсунг. Во минатото, тој добиваше пари со цел да ја прикрие корупцијата во Самсунг, но сега кога парите сопреа тој одлучи да ја обелодени пред јавноста. Нели? Иако ја кажа вистината, однесувањето дека тој е херој затоа што ја следел правдата е несоодветно.