Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индија: Експлозии во Џајпур, тероризмот и Владата

Серија експлозии го потресоа Џајпур на 13-ти мај. Според извештаите, има повеќе од шеесет жртви и 150 повредени. МајЗоун пишува за Џајпур, кој беше релативно мирен град, како и за општата паника која ја предизвикаа експлозиите.

Неверувањето се претвори во шок кога во рок од петнаесетина минути двете експлозии станаа пет, и почна да се чувствува ужасот од тоа што се случи. За прв пат во својата речиси тривековна историја, Џајпур беше цел на терористички напади. Загрижените родители и роднини започнаа да ѕвонат по мобилните телефони, прашуваа каде сме и бараа веднаш да се вратиме дома. Ние бевме само неколку од среќниците кои беа достапни на телефон. По извесно време, мрежите беа блокирани. Кафулето, кое претходно вриеше од млади се испразни за неколку минути.

Тероризмот не е нешто невидено во Индија, различни градови досега биле цел на терористички напади, но Џајпур никогаш не бил нападнат на овој начин. Експлозиите ја издадоа ранливоста на градовите и граѓаните кои живеат во нив, како и неуспехот на разузнавачките служби. Има некои гласини дека нападите биле организирани од „други земји“. Еден блогер од Пакистан ја изрази својата солидарност и надеж дека индиската влада нема да избрза и да го обвини Пакистан.

Блогот на Ха изрази загриженост за членовите на својот тим од Џајпур.

Имаше некои знаци дека нашите колеги се плашеле дека ние од холандската страна би го сметале Џајпур за помалку безбеден поради целава ситуација. Но чувствувам одговорност да му покажам на нашиот тим од Џајпур дека ние сакаме да им ја дадеме нашата поддршка, бидејќи тие се дел од нас!

Хиндустанијат анализира зошто Џајпур беше цел на нападите.

Џајпур е еден од симболите на Индиското културно наследство. Реки од туристи доаѓаат во Розовиот Град секоја година, а Раџастан е заштитен знак на индискиот туризам низ светот, заедно со Агра. Анти-државните сили најверојатно биле очајни поради фактот што немаше некој поголем проблем во заедницата или со кастите во земјата веќе долго време.

Индиски муслимани пишува за неуспехот на Владата да ги расветли претходните терористички напади.

Една од причините зошто Владата е толку неподготвена да ги спречи или разоткрие сторителите на терористичките напади е тоа што не се надоврзува на претходните напади. Пример: Експлозиите во Мека Масџид. Властите во Андра Прадеш формираа истражна комисија во рамки на Министерството за правда на Башкара Рао во јуни 2007 г, а својот извештај за инцидентот го поднесе по три месеци. Поминаа повеќе од 11 месеци оттогаш и не дознавме ништо друго за случајот.

Оф стампд изразува слична загриженост околу владината пасивност и апатија. Циничен Индиец потенцира дека луѓето треба да бидат повнимателни.

Диџеј Фадру поставува новости за Џајпур на твитер. Една група на Фејсбук дискутира за моменталните настани.

На другата страна од солидарноста која се изразува низ блогосферата се крие гневот кој ги обзема некои луѓе. Некои од пораките во главните медиуми се полни со наводи против муслиманите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.