Помогнете му на Global Voices Advocacy да добие 3000 1200 долари со пишување на еден пост

Помогнете Global Voices Advocacy да добие 3000 1200 долари! Парите од наградата ќе ни помогнат да продолжиме со подигање на свеста за нападите на слободата на говор онлајн и да споделуваме алатки и тактики за активистите и блогерите кои се соочуваат со цензура во различни делови од светот. Се што треба да направите е да напишете пост на вашиот блог, кој ќе го вклучува следниов текст:

I vote for Global Voices Advocacy, because… (put your own words here).

Гласам за Global Voices Advocacy, бидејќи.. (своите зборови ставете ги тука)

И… многу важно, мора да го ископирате и вметнете овој текст во вашиот пост:

This blog post is part of Zemanta's “Blogging For a Cause” (http://www.zemanta.com/bloggingforacause/) campaign to raise awareness and funds for worthy causes that bloggers care about.

Овој блог пост е дел од кампањата на Земанта „Блогирање за кауза“(http://www.zemanta.com/bloggingforacause/) за да се подигне свест и соберат финансии за значајни каузи за кои се залагаат блогерите.

Земанта е нов кул екстензија за блогирање. Тие го објавија ова натпреварување со цел да поттикнат блогирање за добротворни каузи. Секој од петте блогови кои ќе соберат најмногу гласови ќе добие награда од 1200 долари.

Крајниот рок е 6 јуни, 2009 година.

Постојат многу блогови и каузи онлајн, но ние во Global Voices мислиме дека е важно блогерите да се држат заедно и да се поддржуваат меѓу себе кога блогери во други земји сѐ уште имаат опасност од малтретирање, затвор или дури и тортура за нивната работа – да не спомнуваме за филтрирањето или цензурирањето на нивните блогови од страна на властите, кои не се согласуваат со нивното мислење.

Слободата на говорот на интернет ги засега сите, не само блогерите. Човеково право е да кажеме и читаме што сакаме. Global Voices Advocacy ги следи онлајн цензурите низ целиот свет со дневни написи и одржува мапа за веб цензура. Исто така постојат и водичи како „Анонимно блогирање со WordPress и Tor“ или „Блогирање за кауза“, кои се ценети од многу блогери.

И за крај…

… за Global Voices Advocacy да има шанси за победа, потреба ни е вашата помош за да исконтактирате други луѓе со цел да помогнат и да ја поддржат слободата на изразување. Би било одлично доколку го третирате ова како меме и го испратите на 3-5 ваши пријатели блогери за да се приклучат.

Драг пријателе,

Веројатно имаш слушнато за блогери кои се малтретирани и уапсени во различни земји или за неправедно цензурирање на веб-страници. Мислам дека тоа е нешто за кое ние како блогери треба да заземеме став.

Една од неколкуте групи која директно работи со блогерите за слобода на говор е Global Voices Advocacy. Тоа е блог раководен од Семи Бен Гарбиа, кој е блогер во егзил, и работи заедно со одлична заедница на автори.

Ние имаме можност да му помогнеме на Global Voices Advocacy да добие 3000 долари со пишување на пост на нашите блогови и вметнување на краткиот текст кој може да го ископираш од оваа страница.

Да го направите тоа!?

Поздрав

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.