- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Босна: Соборен Гинисовиот рекорд во масовен валцер

Категории: Источна и Централна Европа, Босна и Херцеговина, Граѓански медиуми, Уметност и култура

Тузларије извести [1] (босански) дека вечерта на 5 мај, 1510 двојки танчери го собориле Гинисовиот рекорд во истовремено играње валцер во Тузла. Претходен рекордер била Виена со 317 двојки. Меѓу учесниците имало и жители на други места, меѓу кои и австрискиот амбасадор во Босна со сопругата.