- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: „Може ли да ни банкротира државата?“

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Грција, Македонија, Владеење, Економија и бизнис

Учесниците на конференцијата „Може ли да ни банкротира државата?“ организирана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија на 5 мај сметаат [1] дека грчкото сценарио сè уште е далечна опција, но сепак повикуваат на претпазливост, особено поради порастот на задолжувањето на државата и притисокот врз приватниот сектор.