- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Венецуела: Дела од издавачка куќа достапни на интернет

Категории: Латинска Америка, Венецуела, Книжевност, Популарен напис

Има добри вести за они кои го изучуваат шпанскиот јазик и фановите на литературата на шпански. Благодарение на иницијатива од венецуелското министерство за култура, книжевни дела од издавачката куќа Ајакучо Лајбрари [es] [1] сега се достапни бесплатно онлајн. Веќе неколку месеци, блогерите и други книжевни ентузијасти имаат можност да пристапат и преземат широка палета од хиспаниски книжевни дела, достапни во .pdf формат. Блогерите се задоволни со изборот од книги и фактот дека се достапни на читателите.

Департаменто де Легуа [es] вели [2]:

Венецуелската издавачка куќа Ајакучо има една од најинтересните листи – важи и за нејзиниот квалитет во книжевните дела што ги има објавено и за бројот на дела достапни – во Хиспан-Американската литература низ светот. Од античките традиции до најдобрите новели од 20 век; од текстовите на Адмирал Колумбо до коментарите од Инка Гарцилазо.

Актуалидад Литература [es] се присеќава колку корисни биле хартиените верзии од овие дела во неговото образование: [3]

Во последниве 33 години Библиотеката Ајакучо има објавено голем дел од престижните класици во Хиспан-Американската литература. Моите професори по книжевност, на пример, ги почитуваа и морам да кажам дека научив многу од тие книги.

Пепелон Кон Лимон [es] ја објавува листата на дела кои се достапни онлајн: [4]

Доктрина на Симон Боливар, Ла Ворагин од Џосе Естасио Ривера, Сиен традиционес перуанас од Рикардо Палма, Поезија од Рубен Дарио, Нуестра Америка од Џосе Марти, Марија од Џорџ Исак, Кратки приказни од Хорацио Кирога.