- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Смрт и Твитер: Известувања од Украина

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Украина, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика, Човекови права, Рунет Ехо
Images remixed by Andrey Tselikov.

Слика направена од Андреј Целиков.

На 11ти мај, 2014 година, денот кога самопрогласената Донецк Национална Република оддржа референдум [1] [известување од Global Voices] одлучувајќи го својот статус во Украина (референдум кој скоро сигурно нема да биде препознаен од украинската влада), рускиот новинар Илија Азар на Твитер соопшти дека членови на украинската национална гарда отвориле оган кон цивили, минувачи во Красноармејск. Твитовите содржат неколку непријатни слики, затоа гледајте ги на ваш ризик. 

Во моментов пред мене Националната гарда уби еден и повреди уште еден човек во Красноармејск

Ова е човек убиен во Красноармејск. Невооружени луѓе кои само стоеа до зградата на градскиот совет која беше преземена од Националната гарда. 

Друг човек е ранет во градите. Полицајците од гардата заминаа со 4 автомобили, откако неплански отворија огин кон невооружени луѓе.

Украинска владо! Или испраќај луѓе кои ќе пукаат на вооружените во Славјанск, или тргни ги рацете од гардата. Зошто да пукаш на невооружени цивили?!

Твитовите на Азар се сè повеќе и повеќе инкриминирачки, затоа што доаѓаат од човек чии погледи се многу благонаклонети кон прашањето Маидан и кој е новинар чие покривање на случувањата во Украина доведоа до распаѓање [7] [известување од Global Voices] на уредничкиот тим на Lenta.ru. Азар исто така не ги поддржува сепаратистите на Донецк –  неодамна заврши во жешка вода [8] поради неговото известување [известување од Global Voices] кога локалнит полициски сили ги дистрибуираа неговите фотографии нарекувајќи го „провокатор“ и некој со кој  „треба да се справат“.

Можеби е заслужна оваа комбинација на фактори кои направија неговите твитови да станат толку популарни и да привлечат толкава зајадливост од двете страни на конфликтот, поради што тој подоцна напиша дека повеќе нема да ги чита одговорите на неговите твитови. Неговиот соработник новинар Олег Кашин одговори cнарекувајчи  [9][руски] го тоа што се случи „извонредно новинарство“. Со само неколку твитови [10] [руски] Азар „предизвика експлозија од јавни мислења во двете земји.“ Тоа, тврди [11] [руски] Кашин, е проблем со модерните медиуми: „пишувањето на напис после ова е празна и некорисна формалност само за да можеш да си ја оправдаш платата.“ Во ова време кога обрнувањето на внимание трае толку кратко, Кашин можеби и е во право.