- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Во поголемиот дел од Кина почувствуван земјотрес од 7.8 степени

Категории: Источна Азија, Кина, Катастрофи, Најважни вести, Развој

Пред околу 12 часа, земјотрес [1] од 7.8 степени според Рихтеровата скала ја погоди југозападна Кина, со потреси почувствувани надалеку дури до Пекинг [2] и Хонгконг [3].

Епицентар на земјотресот

Данвеи веќе состави неколку новости од различни извори [4], како Шангаист [5], со информации од кориснички видеа од веб сајтот на кинескиот видео порталот Сечуан, каде веднаш се најдоа неколку видеа на насловната страница.

Овој клип на 56.com е поставен од корисникот Литл Фиш:

Ова видео од сајтот за споделување на видео Youku.com доаѓа од корисникот хиаоју82528, каде се покажуваат ефектите од земјотресот почувствувани и во Пекинг:

По се изгледа, Твитер [6] е главниот извор [7] за детали во овој момент; Многумина [8] пишуваат за проблемите [9] со поврзување преку телефон [10] со оние од епицентарот на земјотресот [11], но интернетот изгледа сѐ уште функционира [12]. Технолошкиот гуру Каисер Куо од Пекинг, објавува дека веб сајтот на владиниот центар за земјотреси е недостапен, веројатно поради големиот сообраќај.

Корисниците инвалкедбуд [13] и Лураел [14] постојано поставуваат новости и известуваат за што можат.

Инвалкедбуд пишува [15] од Ченду, место многу блиску до епицентарот: „Изгледа нема големи оштетувања на зградите, но луѓето се потресени. Струјата/водата/гасот се уште работат.“

Други делови ја немаат таа среќа; Кинескиот Твитер корисник Раин, лоциран во Хубеј, пишува [16] за можните разурнувања таму:

Еден колега само што се јави дома во Џингшоу во Хубеј, куќите во Шаши се урнале, таму се случила катастрофа.

Исто препорака од Данвеи е да се следи Summize.com, еден Твитер пребарувач кој поддржува кинески карактери, за новости; новостите [17] кои ќе се најдат на Summize и други места ќе бидат додадени и тука. Може да се погледнат фотографии со пребарување ‘земјотрес’ на англиски [18] и кинески [19] на Yupoo.com. [20]

Секој со повеќе информации за други делови од Кина кое се погодени е поканет да даде новости преку оставање коментар.