Кувајт: Премиерот повторно победи

Шеикот Насер Ал-Мохамед Ал-Сабах  собори  нов рекорд со неговото ново назначување како премиер на Кувајт седми пат по ред во рок од пет години. За првпат беше назначен на 7 февруари 2006 година, и оттогаш шест кабинети се разрешени под негово водство.

Кога за првпат беше назначен за премиер, некои блогери ја поздравија оваа одлука на eмирот во Кувајт, шеикот Сабах Ал-Ахмад Ал-Џабаер Ал-Сабах, велејќи дека Ал-Мохамед може да биде човекот кој ќе го води Кувајт напред со неговата либерална визија. Сепак, денес работите многу се сменија и некои блогери и корисници на Твитер водат кампања заедно со политичките групи барајќи негово заминување.

Sheikh Nasser Al-Mohammed Al-Sabah, prime minister of Kuwait. Image by Diwan, available in public domain.

Шеикот Насер Ал-Мохамед Ал-Сабах, премиер на Кувајт. Фотографија од Диван достапна за јавноста

Барање за заминувањe

На 8 март 2011 година, беше организиран протест барајќи негово заминување, каде опозицијата им држеше говор на околу 700 луѓе, обвинувајќи го премиерот за корупција.

Протестите продолжија и во следните недели се додека кабинетот не објави негова оставка поради барањето од парламентот да испита три министри, кој случајно се членови на владеачката фамилија на Ал-Сабах.

Многумнина се надеваа дека новиот кабинет нема да го вклучи Ал-Мохамед како премиер, сепак, емирот кој има ексклузивното уставно право да го назначи премиерот во земјата, одлучи повторно да го назначи Ал-Мохамед.

Во изминатите 10 дена некои блогери го изразија нивното незадоволство поради оваа одлукаи како оваа одлука може да има последици во иднина. Еве еден цитат од блогот  The Constitution [арапски]:

يتسائل البعض حول أسباب عدم رغبة البعض في أن يتولى الشيخ ناصر المحمد رئاسة الوزراء من جديد. دعوني ألخص رأينا سرقات تعدت ما كنا نسمع به من ألاف إلى ملايين ووصلت الى المليارات من الدنانير. رأينا شيكات تدفع لنواب ويتم تجييرها على أنها صدقات وكفالة أيتام. رأينا إعتداء على نواب و على مواطنين لمجرد حضورهم ومشاركتهم ندوات. رأينا إعلام لا هدف له سوى التلميع للرئيس وضرب معارضينه رأينا إعلام يقسم الكويتيين.
Некои се чудат за причините позади одбивноста Насер Ал-Мохамед поторно да биде назначен за премиер. Дозволете ми да резимирам. Слушнавме за украдените милиони и милијарди динари. Слушнавме за подмитување на членови на парламентот со цел да дадат донации на добротворните организации и да ги спонзорираат сираците. Видовме претепани членови на парламентот и граѓани поради тоа што учествувале во политички собирања. Видовме медиуми кои целат единствено да го фалат премиерот и оцрнуваат опозицијата. Видовме медиуми кои ги разделуваат кувајците.

Друг блогер по име Al-Fargad напиша пост насловен “Државата од јасминов чај” [арапски] коментирајќи го повторното назначување на Ал-Мохамед:

أبشروا بالفساد الأداري، أبشروا بالرشاوي، أبشروا بالفضائح، أبشروا بعودة الأعلام الفاسد…

Напред за корупцијата, напред за митото, напред за скандалите, напред за враќањето на расипаните медиуми

Од друга страна, блогерот Le Koweit [арапски] сподели оптимистичка забелешка:

الكثير أصابهم اليأس والإحباط بعد تكليف الشيخ ناصر المحمد بتشكيل حكومته السابعة. ولا ألومهم، بل أنا أيضاَ أصابني مثل ما أصابهم ولكني فكرت ووجدت أن الأمر لم ينتهي بعد. فإعادة تكليف الشيخ ناصر المحمد ليست نهاية المطاف، لقد خسرنا معركة ولكننا لم نخسر الحرب.
Многумина беа разочарани бидејќи шеикот Насер Ал-Мохамед беше повторно назначен  за да формира седми кабинет. Не ги обвинувам, исто така бев разочаран, но размислив и сфатив дека изгубивме една борба, но не и целата војна.

И последно, но не најмалку важно, кувајтскиот блогер  3ajel напиша пост на неговиот блог Bil Kuwaity Al-Fasih, со кој изрази жалење, и директно му се обрати на премиерот:

سمو الرئيس لا أشعر بغير الأسى لحال الكويت أما حالك فهي من صنعك وها نحن نعود من جديد لمشاهدة الفيلم الماسخ المحمد يشكل للمرة السابعة على التوالي ولأن كل شيء تقوم به يأتي متأخرا فأن التعديل الموسع الذي راهنا أنه سيخفف – قليلا – من حدة التوتر لم يعد ذو جدى الآن لأنه تأخر عن موعده كثيرا بعد أن كانت فرصة مناسبة بداية السنة
Ваше височество, се чувствувам тажно заради состојбата на Кувајт, а за вашата состојба, велам, вие самите си ја создадовте и еве сме, се враќаме назад да го гледаме невкусниот филм на Ал-Мохамед од кој се бара да формира седми кабинет по ред. Сè што правиш е задоцнето, притоа, големите реформи на кои што се обложувавме дека ќе ја направат ситуацијата помалку тензична, нема повеќе да ни користат бидејќи секогаш доцниш, иако ветените реформи беа добра шанса да имаш добар почеток оваа година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.