Според последната анкета [1], 46 проценти од Украинците чувствуваат носталгија кон СССР, повеќето од нив се пензионери, како и жители на источните и јужните делови на земјата. Во исто време, само 18 проценти од жителите од западна Украина и 19 проценти млади луѓе го делат ова мислење.
Такви нејасни ставови кон последните комунисти се експлоатираат многу од произвoдителите кои ги користат симболите на Советскиот сојуз за нивните производи. И покрај тоа, неодамнешната промоција на домашниот чај именуван по озогласениот советски диктатор Jозеф Сталин [2] предизвика бурна дискусија помеѓу украинските нетизени каде многу од нив мислат дека овој пат трговците ја поминале линијата.
Во февруари, корисникот на Днипропетровск интернет форумот [3], Vtoroy, сподели неколку фотографии од билбордите на кои се рекламира чајот Сталин. Тој го напиша следново [руски]:
Впервые вживую вижу наружную полиграфию с изображением Сталина.
Некои блогери, сепак, посочија дека овој бренд беше во и надвор од пазарот во последните три години. Кога го видов за првпат во 2008 година, ЛЈ корисникот sparrow_hawk го напиша [4] следново [украински]:
спосіб заварювання: на крові. і поміцніше
ЛЈ корисникот bulavec објави фотографија од чајот Сталин на полица во продавница во Доњекс заедницата [5] и забележа [6] дека бил продаван во Доњекс и Днипропетровск во 2009 година. Во тоа време, ЛЈ корисникот Тамила Ташева (tamila_tasheva) од Кримеа напиша [7] [украински] дека и таа го видела чајот во нејзиниот регион.
Изгледа, оваа година чајот Сталин се врати на украинскиот пазар. Пред неколку денови, Фејсбук корисникот Никанор Скипин, сподели [8] друга фотографија од билборд на кој се рекламира чајот Сталин во Днипропетровск:
Под фотографијата, тој го објави [10] следново прашање:
ЯК ВАМ ПОДОБАЄТЬСЯ ТАКА ОСЬ ДУРНЯ ???
Корисникот Тиколаз Игор се согласи:
дурня…
Корисникот Влад Пупич напиша [украински]:
боюсь, отруюсь.
Корисникот Алина Лукашевич напиша [руски]:
хорошее чувство юмора у производителя))))))))))
Корисникот Сергеј Бача исто така коментираше [руски]:
Этот чай судя по всему рассчитан на пожилых и очень пожилых людей, вот поэтому портрет Сталина взяли а основу. […]
Корисникот Валериј Колосук одговори [украински]:
Моїй бабці 89-ий рік. Не помічав у неї прихильності до Сталіна.
Корисник на Фејсбук од Белорусија, Алес Резников, напиша [белоруски]:
беларусау гэтым ня здзiвiш
Споделувајќи пример од тоа како Сталин е употребен за маркетиншки цели во друга поранешна советска земја, фотографот boga4 објави [10] фотографија од шише вино во продавница за сувенири во Грузија [родната земја на Јозеф Сталин].
Иако во 2007 година поранешниот украински претседател Виктор Јушченко издаде декрет со кој се забрануваат сите симболи и споменици за оние одговорни за Холодоморот (кои ги вклучи советските лидери), речиси и да не беше почитуван. Ставовите на моменталните власти се создадени очигледно од фактот дека младите активисти се одговорни за уништувањето на споменикот на Сталин во Запорижја во 2010 година и беа гонети за тероризам [11].