Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Камбоџа: Песни за Фејсбук

Улогата на социјалната мрежа Фејсбук во олеснувањето на протестите беше потврдена со бунтовите во Тунис и Египет; владите во многу земји, вклучувајќи ја и Кина се претпазливи за политичките активности на нивните жители на Фејсбук. Но, во Камбоџа, Фејсбук сè уште не се смета за опасност за владата.

Политичарите предводени од премиерот Хун Сен (кој е на власт од 1985 година) креираа нивни сопствени Фејсбук страници каде што можат да комуницираат со жителите на Камбоџа и нетизените.

Сепак има понов и поинтересен Фејсбук тренд во земјата: Камбоџанците создаваат песни за Фејсбук. На пример, „Фејсбук ја прекинува љубовта “, прикачена на Јутјуб од корисникот на 11 март 2011 година:

Музичката поп индустрија произведе голем број на песни поврзани со Фејсбук. Cambodia Khmer Magazine иако тврдеше дека не е фан на материјалот е импресиран  од тоа дека многу Камбоџанци навистина уживаат во овие Фејсбук песни.

Подолу се примери од песни прикачени на Јутјуб  (сите во Кмер):

Khmerbird е изненаден од појавата на овие песни, но го изрази своето согласување дека некои од песните го обвинуваат Фејсбук за завршувањето на врските. Во овој напис „Ефектот на Фејсбук беше изразен во песните на Камбоџанците“ пишува:

Изгледа како мало изненадување кога ја слушам песната, но изгледа дека може да биде вистина.

Khmerbird цитира песна од Кемарак Шерејмон, насловена „Фејсбук ја вознемирува мојата љубов“ и ја објаснува нивната порака:

Тој изјави во песната дека откако има Фејсбук, неговата девојка изгледа дека не се грижи за него како порано. Почувствувал како да е целосно напуштен. Неговата девојка девојка го поминува времето да се поврзе со различни луѓе преку Фејсбук. Ова се разбира може да предизвика сериозен ефект во врската.

Во Камбоџа, има само околу  250,000 Фејсбук корисници што претставува 1.73% од вкупниот број на интернет корисници, според  socialbakers.com. Но, со одобрувањето на Фејсбукот од политичарите и со креирањето песни за популарната социјална мрежа од страна на уметниците, Фејсбук дефинитивно ќе привлече поголем број на корисници во Камбоџа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.