Јужна Азија: Справување со жештината и со губењето електрична енергија

Топлотните бранови во ова време од годината не се невообичаени за земјите од Јужна Азија. Но, неодамнешното суво време задржа доволно дожд надвор од регионот, дожд кој го одржува издигнувањето на живата. Додека опаѓањето на електричното напојување (периодично губење на електрична енергија) поради кризата со електричната енергија во неколку земји го направија животот неподнослив за милиони луѓе.

Петокот (24 април 2009 год.)  беше најтоплиот ден летово (38,5 целзиусови степени) во Дака, главниот град на Бангладеш. Источните делови од Индија се шокирани од тоа што живата се издигна над 45 целзиусови степени. Беа пријавени неколку случаи на смрт. Вработените во Зоолошката градина  преземаа специјални мерки за да ги заштитат животните од жештината. Имаше извештаи за шумски пожари во Непал, и суши во области кои обично се склони на дожд.

Нетизените или сајберграѓаните силно реагираат на оваа ситуација. Суканва М (Sukanya M) во постот „United We Sweat” пишува за жештината и за постојаното немање електрична енергија:

Фуј. Неподносливо е.

Температурите се движат околу 40, 41, 41.8, и среќни сме (како денес) со 39 степени. Плус и влажноста – според Yahoo денес изнесува 80% (а се чувствува како да е 100%). И се разбира немање електрична енергија насекаде и што е уште почудно, Колката – Думдум до Бехала намаат електрична енергија од 6-10 часа кога е недела [..]

Еве неколку Твитер пораки кои го отсликуваат расположението на обичните луѓе:

calamur: Се топиме од жештина. Во Мумбаи е страшно жешко.

vitrag: Попладневна жештина, и качувањето во возовите во Мумбаи… по ѓаволите, изгледа како да влегуваш во рерна.

Амит Варна во The India Uncut се шегува:

Толку е жешко во Бомбај … … што кога ќе ја загрејам храната во микробрановата печка, излегува поладна.

Во Бангладеш, луѓето лошо настрадуваат од топлотните бранови и од честото немање електрична енергија. Повеќето немаат клима уреди дома; користат електрични екстрактори, кои се бескорисни кога нема електрична енергија. Оние кои може да си дозволат инвертери на електрична енергија не добиваат доволно електрицитет  за да ги наполнат единицте.   Што е уште полошо, нема доволно електрицитет за да работат пумпите за вода. Кризата со вода стана сериозна и луѓето протестираат притив рестрикциите на водата.

Од Твитер:

dkhall44: Во моментов, во Дака, напонот е на смешни нивоа. Напојувањето со електрицитет се губи за еден час секој втор час. А има 38 степени.

shahreaz: Работењето навечер стана реалност во Дака. Да се нема 6 часа електрична енергија за време на работните часови навистина нема смисла.

Властите кои раководат со електричната енергија направија распоред за губењето електрична енергија. Берни Ален во Life & work in Dhaka city пишува за причината за губење електрична енергија во Дака:

Типичната побарувачка е 2000MW и еден ден неделава распределивме 1200W, така што мора да се справиме со кусокот.

Во Непал, кризата со електричната енергија малку се подобри. Од просечни 14-16 часа дневно кога нема електрична енергија, времетрањето се намали. Од Твитер:

zickme: Земјата се соочува со криза во Електростопанството и за да ја надмине Непалската електростопанска власт (НЕВ) наложи да нема електрична енергија 12 часа секој ден.

Блогот на Гешан (Geshan) објавува дека распоредот за губењето електрична енергија на Катманду ја отсликува тешката и тажна ситуација во која се наоѓа народот.

Жителите на градот Карачи во Пакистан се соочуваат со ненајавено губење од 8-10 часа секој ден. Pakistan Daily Photo објавува слики за тоа како луѓето  се справуваат со неподносливата жештина која расте од ден на ден.

Јужна Азија има видено уште полоши топлотни бранови од овој. Но, кризата со електричната енергија сериозно им ја наруши способноста да се справат со неа.  Сé додека нема некаков прекин, луѓето ќе продолжат да страдаат.

Од Дака, под дејство на жештината, блогерот Коушик (Kowshik) е саркастичен[bn]:

সরকারের এখন বিদ্যুৎ এর বদলে বৃষ্টি উৎপাদনের চেষ্টা করা উচিত

Владата треба да се обиде да произведе дожд наместо електрицитет.

Иако звучи неразумно, во оваа ситуација луѓето од Јужна Азија не можат да ја занемарат оваа идеја.

2 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.