Климатскиот феномен „Ел Нињо“ е делумно одговорен за неподносливите високи температури во Камбоџа и недостатокот на вода. Екстремната суша се карактеризира како најтешката [2] во изминативе 50 години.
Според владата, 2.5 милиони Камбоџани во 100 области трпат последици [3] од сушата, а недостатоци на вода се прогласени во 18 од 25-те провинции во државата. Во меѓувреме, девет провинции се под закана од топлотни бранови.
Слабото снабдување со вода ја влоши ситуацијата кај сиромашните жители во многу рурални области, каде земјоделците зависат од реките и езерата за наводнување. Сигурноста на храната и здравјето на локалното население се исто така теми од се поголема важност.
Поглед на уништувачкиот данок на сушата #Cambodia [4] https://t.co/hTbLWt2AXQ [5] pic.twitter.com/cp5jNmnBIs [6]
— The Phnom Penh Post (@phnompenhpost) 1 мај, 2016 [7]
Поглед на уништеното од сушата во Камбоџа
Рибарите собираат риби од исушена бара во провинцијата Кандал, погодена од сушата #drought [8] , #Cambodia [4] pic.twitter.com/FYWfyUFlfx [9]
— Ханс Соло (@thandojo) 27 април, 2016 [10]
Рибарите собираат риби од исушена бара во провинцијата Кандал, погодена од сушата
Ова ЈуТјуб видео ја прикажува целосно пресушена [11] реката Сисофон во Бантеај Меанчеј.
Уште едно видео прикажува како некои семејства во руралните средини полнат [12] вода од речиси пресушен бунар во провинцијата Бантеај Меанчеј:
Животните умираат поради недостатокот од вода и топлотните удари. Околу 65 тони риба во езерото Тонле Чмар изумреа минатиот месец поради намалувањето на нивото на водата:
Недостатокот на вода и топлината изумреа многу тони риба во #KampongThom [13] #Cambodia [4] #DroughtKH [14] https://t.co/uXtNLv4JNx [15] pic.twitter.com/K24UqCPFzt [16]
— OU RITTHY (@ritthyou) 27 април, 2016 [17]
Недостатокот на вода и топлината изумреа многу тони риба во Кампонг Том, Камбоџа
Сушата и недостатокот на вода убија 300 грла добиток во областа Сием Панг во провинцијата #СтунгТренг https://t.co/aU7R5Of2MI [18] pic.twitter.com/cbNuKRR7Gr [19]
— OU RITTHY (@ritthyou) 27 април, 2016 [20]
Сушата и недостатокот на вода убија 300 грла добиток во областа Сием Панг во провинцијата Стунг Тренг
Властите ги обвинуваат топлотните бранови за смртта на стотици лилјаци во Сием Реап https://t.co/buWAyoqaIA [21] #Cambodia [4] pic.twitter.com/48S7TYimlr [22]
— The Phnom Penh Post (@phnompenhpost) 23 април, 2016 [23]
Властите ги обвинуваат топлотните бранови за смртта на стотици лилјаци во Сием Реап
Од заедницата: преку 30 црни мајмуни изумреа денес бидејќи нема вода во Батамбанг, Камбоџа#Cambodia [4] @WildlifeRescue [24] @natgeowild [25] pic.twitter.com/ktR2JYOupT [26]
— Moses (@mosesngeth) 28 април, 2016 [27]
Од заедницата: преку 30 црни мајмуни изумреа денес бидејќи нема вода во Батамбанг, Камбоџа
Туристички слон [1] во Ангкор потклекна на топлотните бранови. Поттикнати од овој инцидент, неколку Интернет корисници започнаа петиција со која ги повикуваат властите да прекинат да ги користат слоновите како превозни средства, кои се сè уште популарни помеѓу туристите.
Владата на Камбоџа повикува на соработка и единство [28] како одговор на државата кон кризата со сушата. Властите ветија дека ќе пружат навремена помош до жителите кои имаат недостиг на вода.