Климатскиот феномен „Ел Нињо“ е делумно одговорен за неподносливите високи температури во Камбоџа и недостатокот на вода. Екстремната суша се карактеризира како најтешката во изминативе 50 години.
Според владата, 2.5 милиони Камбоџани во 100 области трпат последици од сушата, а недостатоци на вода се прогласени во 18 од 25-те провинции во државата. Во меѓувреме, девет провинции се под закана од топлотни бранови.
Слабото снабдување со вода ја влоши ситуацијата кај сиромашните жители во многу рурални области, каде земјоделците зависат од реките и езерата за наводнување. Сигурноста на храната и здравјето на локалното население се исто така теми од се поголема важност.
Поглед на уништувачкиот данок на сушата #Cambodia https://t.co/hTbLWt2AXQ pic.twitter.com/cp5jNmnBIs
— The Phnom Penh Post (@phnompenhpost) 1 мај, 2016
Поглед на уништеното од сушата во Камбоџа
Рибарите собираат риби од исушена бара во провинцијата Кандал, погодена од сушата #drought , #Cambodia pic.twitter.com/FYWfyUFlfx
— Ханс Соло (@thandojo) 27 април, 2016
Рибарите собираат риби од исушена бара во провинцијата Кандал, погодена од сушата
Ова ЈуТјуб видео ја прикажува целосно пресушена реката Сисофон во Бантеај Меанчеј.
Уште едно видео прикажува како некои семејства во руралните средини полнат вода од речиси пресушен бунар во провинцијата Бантеај Меанчеј:
Животните умираат поради недостатокот од вода и топлотните удари. Околу 65 тони риба во езерото Тонле Чмар изумреа минатиот месец поради намалувањето на нивото на водата:
Недостатокот на вода и топлината изумреа многу тони риба во #KampongThom #Cambodia #DroughtKH https://t.co/uXtNLv4JNx pic.twitter.com/K24UqCPFzt
— OU RITTHY (@ritthyou) 27 април, 2016
Недостатокот на вода и топлината изумреа многу тони риба во Кампонг Том, Камбоџа
Сушата и недостатокот на вода убија 300 грла добиток во областа Сием Панг во провинцијата #СтунгТренг https://t.co/aU7R5Of2MI pic.twitter.com/cbNuKRR7Gr
— OU RITTHY (@ritthyou) 27 април, 2016
Сушата и недостатокот на вода убија 300 грла добиток во областа Сием Панг во провинцијата Стунг Тренг
Властите ги обвинуваат топлотните бранови за смртта на стотици лилјаци во Сием Реап https://t.co/buWAyoqaIA #Cambodia pic.twitter.com/48S7TYimlr
— The Phnom Penh Post (@phnompenhpost) 23 април, 2016
Властите ги обвинуваат топлотните бранови за смртта на стотици лилјаци во Сием Реап
Од заедницата: преку 30 црни мајмуни изумреа денес бидејќи нема вода во Батамбанг, Камбоџа#Cambodia @WildlifeRescue @natgeowild pic.twitter.com/ktR2JYOupT
— Moses (@mosesngeth) 28 април, 2016
Од заедницата: преку 30 црни мајмуни изумреа денес бидејќи нема вода во Батамбанг, Камбоџа
Туристички слон во Ангкор потклекна на топлотните бранови. Поттикнати од овој инцидент, неколку Интернет корисници започнаа петиција со која ги повикуваат властите да прекинат да ги користат слоновите како превозни средства, кои се сè уште популарни помеѓу туристите.
Владата на Камбоџа повикува на соработка и единство како одговор на државата кон кризата со сушата. Властите ветија дека ќе пружат навремена помош до жителите кои имаат недостиг на вода.