Македонските новинари протестираат поради смртните закани

Неколку новинари дадоа изјави на протестот во Скопје во врска со смртните закани упатени кон новинарот Борјан Јовановски, држејќи го погребалниот венец кој беше доставен во неговиот дом како смртна закана во Април 2015 година. Слика на Ванчо Џамаски, преземена со дозвола.

Неколку новинари дадоа изјави на протестот во Скопје во врска со смртните закани упатени кон новинарот Борјан Јовановски, држејќи го погребалниот венец кој беше доставен во неговиот дом како смртна закана во април 2015 година. Слика на Ванчо Џамбаски, преземена со дозвола.

Борјан Јовановски истакнат македонски уредник на вести, доби погребален венец во неговиот дом на 21 април. „Последен поздрав“ е пораката напишана на венецот. Јовановски работи за независната веб страна за вести НОВА ТВ и е добро познат критичар на конзервативната влада на премиерот Никола Груевски. Венецот беше испорачан директно на неговата сопруга.

Јовановски уредно го пријави инцидентот во полиција како смртна закана, но шансите за пронаоѓање на виновникот се мали. Според последните рејтинзи од страна на Светскиот индекс на слободата на медиумите и другите, слободата на печатот во Македонија е рангирана како „најлошата на Балканот“ додека заканите и сомнителните тужби за клевета против новинарите стануваат се почести.

На 22 април, неколку новинари во Македонија протестираа против заканите упатени кон Јовановски, кој го поврзува инцидентот со продлабочување на политичката криза во земјата. Исто така, на 22 април, новинарот Зоран Бојаровски доби смртни закани преку Фејсбук и ги пријави истите во полиција, кои веднаш ја започнале истрагата.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ ги повика властите да покренат истрага за венецот доставен во домот на Јовановски, истакнувајќи дека неколку групи се здружија за осудата на заканата, вклучувајќи ја и опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ, пленумот на новинарите, Македонскиот институт за медиуми, Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, и националните здруженија на новинарите ЗНМ и МАН.

Мијатовиќ ја повика македонската Влада да го поништи очигледниот тренд на влошување на слободата на медиумите во земјата. Последните трендови ги вклучуваат осудата на условно ослободениот новинар Томислав Кежаровски, јавното етикетирање на новинарот Јадранка Костова, како информатор на странските агенции за шпионажа, како и обвинувањата дека владата ги прислушкува телефоните на повеќе од 100 новинари.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), исто така, ги осуди заканите со смрт, и ги обвини државните институции за промоција на атмосфера на нетолеранција кон критика на власта и политичарите.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), исто така, ги осуди заканите на смртта, го обвини државните институции за промоција на атмосфера на нетолеранција кон критика на владата и политичарите. ЗНМ го нарече „кукавички чинот насочен против сите новинари во Македонија“, додавајќи дека „овој инцидент е последица на ширење на говор на омраза во медиумите инспириран од однесувањето на политичките партии“. ЗНМ истакна дека државните институции досега не успеле да решат еден случај каде еден новинар претрпел насилство, вербални закани или говор на омраза.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.