- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Филипини: Тајфунот Сендонг и социјалните медиуми

Категории: Источна Азија, Филипини, Граѓански медиуми, Катастрофи

На Филипините, жртвите од тајфунот Сендонг [1] (меѓународно име: Ваши), нивните фамилии и пријатели, ги користат социјалните мрежи за пронаоѓање на исчезнатите жртви, координација и документирање на напорите за спасување, како и снимање на уништувањето.

Според податоци од владата [2], обилните поплави предизвикани од тајфунот однесоа 1,257 жртви во градовите Кагајан де Оро и Илиган во Северен Минданао. Над 45,000 домови се уништени, оставајќи илјадници бездомни.

Жртвите од поплавата го користат Фејсбук за да помогнат во потрагата за нивните сакани. Сликите и профилите на исчезнатите роднини продолжуваат да бидат објавувани на Фејсбук страниците: Исчезнати луѓе од Сендонг [3] и Исчезнати личности од СДО и Илиган [4].

[5]

Страницата Исчезнати личности од Сендонг оттогаш има собрано дури 1,787 лајкови и 5,431 разговори. Администраторите, сепак ги советуваат корисниците на страницата да се координираат со властите и да не се потпираат само на Фејсбук за да ги пронајдат своите сакани [6].

Како што е забележано порано на Глобал Војсис Онлајн [7], блоговите и социјалните мрежи исто така се користат за мобилизирање на помош за операции за спасување на жртвите од тајфунот Сендонг. Информации од овие напори почнуваат да се објавуваат он-лајн [8]:

@mindanaoan @IamPinkEm мојот сопруг ми раскажа додека разнесувале храна во кантоните ова утро, евакуираните кога ја добивале храната велеле „salamat au sir ha [многу ви благодариме господине], среќен Божиќ“. Мојот сопруг вели дека тоа за нив било како топлина за срцето, да бидат поздравени од луѓе кои изгубиле се.

Разновидни слики и профили од разурнувањето континуирано се појавуваат онлајн. Во Думагете Сити, Негрос Ориентал, менаџерот за видеа на Фондацијата Университи, Марк Ентони Бесарио, успеа да го долови уништувањето предизвикано од големите поплави и го објави ова на Јутјуб [9].

Pinoy Dog-Lover сподели приказни за тоа како кучињата ги спасувале луѓето [10] во текот на оваа катастрофа. Една приказна е од Илиган Сити:

Пред бесната поплава да го разурне нивното село, [кучињата] Аспинс Лолој и Џеки веднаш ги разбудиле нивните господари – гребејќи по вратата и гласно лаејќи. Поради предупредувањето од своите миленици, Мариета и своето семејство се спасиле. Го изгубиле својот дом, но сите се живи и здрави, за разлика од некои кои го загубиле  домот, но и членови на семејството.

Ryan Chua [11] објави слика од пустошењето во Брги. (село) Макасандиг, Кагајан де Оро:

[11]

LiaAndanarYu [12] коментираше на сликата од истата општина: „Таму некогаш имаше дом. Кенеди Пакана од Тибасак, СДО го поседуваше тој дом. Тогаш дојде Сендонг.“

[12]