- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Музички инструменти од целиот свет

Категории: Популарен напис, Источна Азија, Источна и Централна Европа, Латинска Америка, Океанија, Австралија, Бразил, Јапонија, Русија, Сингапур, Граѓански медиуми, Музика, Уметност и култура

Музички инструменти

Тара Калапун [1]Почеток на музика [2]

На интернет се шири информација за труба направена од пиперка и краставица [3] од јапонски креатор на инструменти [4], па затоа ќе ви претставам и други интересни инструменти од различни места од светот. ЈуТјуб корисникот 13стрингс (профилот е моментално затворен) отворено ги повика сите да ги покажат своите рачно изработени инструменти на ЈуТјуб [5], а на овој повик одговорија следниве три: цел оркестар направен од рециклирани конзерви и пластични сода-шишиња, како да се изработи дидгеридо, шишиња за ветар и водени оргули. Од друго место од светот, инструмент кој можеби не е направен дома, но секако има карактеристичен звук: хурди гурди (hurdy gurdy).

Од Бразил, јамилгудис [6] има барем 5 различни инструменти направени од лименки и шишиња.

Од Австралија, гвдидг [7] ни покажува како Абориџините го изработуваат најверојатно најстариот дувачки инструмент, дидгеридо [8], со барање на каучукови дрвја кои се нападнати од термити:

Од Сингапур, еинрахсенрав [9] дува во усогласени шишиња, се фотографира и потоа ги спојува за да ја добие Токата и Фуга од Бах:

За крај, благодарение на авиноград [10] од Русија ни доаѓа прекрасна ритмична народна песна, отсвирена на инструмент кој никогаш претходно го немам видено, хурди гурди [11]: