Палестина: Киднапирање на италијански активист во Газа

Ажурирање (петок 15 април 2011 ): Различни меѓународни медиуми известуваат дека Виторио Аригони е пронајден мртов во Газа по само неколку часа откако беше киднапиран во четвртокот, 14 април 2011.

* * *

Денеска италијанскиот активист  Виторио Аригони беше киднапиран во Газа од групата Шалафи џихад, кои што рекоа дека ќе го убијат доколку шеикот Абу Ал Валед, кој што неодамна беше уапсен од владата на Хамас, не биде ослободен.

Vittorio Arrigoni

Виторио Аригони (профил фотографија од Фејсбук )

Аригони – познат како Вик – повеќе од две години бил во Газа со Меѓународнато солидарно движење (МСД). (Види го овој пост за него на Глобал Војсес.) Блогерот од Газа, Омар Граиб, напиша дека киднаперите на Ариганти се закануваат дека ќе го убијат:

Виторио Аригони, 36 годишен волонтер во Газа за МСД, рано изутрина беше киднапиран во градот Газа. Подоцна, се појави видео на Јутјуб кое го прикажува Виторио со врзани очи како го тепаат.

Салафи Џехадис ја презеде одговорноста за неговото киднапирање барајќи од владата на Хамас да го пушти Абу Ал Валед Ал Маќдиши во рок од 30 часа почнувајќи од 11 часот денеска, 14/04/2011 година, или ќе го убијат Аригони.

Сите известувачи во Газа, пријателите на Виторио овде и насекаде побараа од Хамас брзо да интервенира и да го ослободат Виторио кој долго време работеше напорно за да помогне во Газа.

Ве молам сите да се молиме за негово безбедно ослободување.

Снимката која беше пуштена од киднаперите на Аригони веднаш беше оневозможена. Во него беше прикажан Аригони со врзани очи, тепан, со текст на горниот дел од екранот во кој се испишани барањата на киднаперите.

Некои од реакциите за киднапирањето на Твитер:

@SanaKassem: До сите жители на Газа. Голем подржувач на палестинската борба, #Виторио Аригони беше киднапиран во Газа. Потребна му е вашата подршка.

@Omar_Gaza: Хамас бараме веднаш да интервенирате за ослободување на Виторио Аригони, италијански МСД работник! #Gaza #FreeVittorioNow

@jmalsin: Стаписан, згрозен, откако го видов видеото за кое салафистите тврдат дека е од Виторио Аригони, кој лично го имам сретнато повеќе пати во Газа.

@forumeditor: Зошто го киднапираат Виторио Аригони кој се обидува да помогне за нивната кауза ? Неговите киднапери се одвратни: нечија игра на суети за да добијат публицитет.

Фејсбук страницата на Виторио Аригони ќе ја најдете тука.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.