Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индонезискиот народ на интернет со поддршка за полицаецот-танчер

Полицаецот бригадир, Норман Камару од Горонтало Сити во Индонезија, стана интернет и медиумска сензација откако беше објавено неговото видео во кое танцува, кое само на Ју Тјуб има повеќе од милион посети.

Во видеото, Норман танцува и се преправа дека пее на индиската песна Chaiya Chaiya додека е на должност.

Полициските власти кои го прегледаа видеото одлучија да му дадат блага казна на Норман, бидејќи тој го прави тоа додека е на должност. Но, на народот на интернет му беше интересна смешната изведба на Норман и за кратко време му дадоа поддршка на блоговите и на другите социјални медиуми.

На страницата Каскус беше отворена дискусија за тоа дали Норман заслужува да биде казнет. Насловот на темата е „Briptu Norman Kamaru pantasnya dihukum atau tidak?“ (Дали бригадирот Норман Камару заслужува да биде казнет или не?).

Блогерот Икада објавува разни страници од Фејсбук за подршка за Норман. Како на пример: „1 juta dukungan buat oman kamaru untuk tidak ditindak“ (Да се собериме милион подржувачи за Норман Камару да не биде казнет); „Melepas rasa jenuh bersama Briptu Norman“ (Дадете подршка за Норман); и „Dukung Briptu Norman Kamaru: BERJOGET ADALAH HAK SETIAP WARGA NEGARA“ (Поддршка за бригадирот Норман Камару: ТАНЦУВАЊЕТО Е ПРАВО НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН).

Досега Норман имаше бројни покани да се појави на телевизија. И покрај благата казна што му беше дадена на Норман од страна на полицијата, првиот човек на полицијата му дозволи на Норман да се појави на телевизиско шоу.

Еве една интересна изјава на Baby D Library кој му дава поддршка на полицаецот-танчер и им предлага на властите да од Норман направат препознатливо лице на „пријателската полиција“:

Ако го цените и му давате казна, не е љубезно од вас. Да бев на ваше место ќе го прогласев како маскота на љубезен полицаец. Тој може да биде слика за полицијата која е почитувана и сакана од опшеството. Тој не е комичар кој ќе ја засрами вашата институција. Но, господине, ако сè уште мислите дека полицијата треба да биде строга и дисциплинирана како порано, само така продолжете. Луѓето сè уште ќе се плашат од вас и нема да ве почитуваат.

Syaifuddin додаде:

Aksi Norman memberi bukti bahwa Polisi ternyata tak segarang seragam yang dikenakannya. Institusi Polri butuh citra lembut seperti itu, dan bila Polri pandai memaintain ini bisa dijadikan pencitraan yang baik bagi Polri.

Делото на Норман сведочи за тоа дека полицијата не е страв и трепет како што е униформата која ја носат. Полициската институција има потреба од пријатни слики како оваа и ако полицијата добро размисли, може да го искористи ова како една добра слика за полицијата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.