Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Брегот на слоновата коска: Гбагбо не се предава, Африканците протестираат

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за немирите во Брегот на слоновата коска во 2011 година.

Додека поранешниот претседател на Брегот на слоновата коска Лорент Гбагбо е сèуште скриен во бункер во земјата, одбивајќи апсење бидејќи продолжува да демантира дека изгубил на претседателските избори во 2010 година, учеството на Франција во обидите за негово протерување покренува бурни реакции помеѓу граѓаните и политичарите во Франција[fr], како и во африканската заедница во Франција.

Pro-Gbagbo protests in Paris, France, March 26, 2011. Image by Flickr user anw.fr (CC BY-NC-SA 2.0).

Протести за поддршка на Гбагбо во Париз, Франција, 26-ти март 2011 година. Слика од Фликр на корисник anw.fr (наведи извор-некомерцијално-сподели под исти услови 2.0).

Од Париз до Дуала

На 6-ти април 2011 година, беше организиран протест пред француското собрание во Париз, како што прикажуваат неколку клипови на ЈуТјуб од страна на корисникот Mamou922 .  Во следното видео, ја гледаме толпата како се соочува со француските сили кои го штитат јавниот објект:

На 5-ти април 2011 година, во Дуала, во економското средиште на Камерун, таксистите на Мото се собраа во центарот на градот со цел да ја покажат нивната подршка за Лорент Гбагбо. Следново видео беше објавено на  Wat TV од Gri-Gri International, блог за вести:

Еден од интервјуираните на снимката објаснува :

Проблемот на Брегот на слоновата коска ги загрижува сите африканци  […] ја предупредуваме меѓународната заедница и Франција да престанат со тоа што го прават во Брегот на слоновата коска[…]

Мислејќи на она што се случуваше во Камерун за време на војната за независност, тој додаде:

Денес разбираме дека е вистина дека Франција ги уби нашите родители пред 50 години

Потешкотии на амбасадата

Утрото на 7-ми април 2011 година, францускиот министер за одбрана Жерард Лонге ја извести [fr] Комисијата за надворешни работи на францускиот сенат. Тој изјави дека бројката на оние кои го штитат Лорент Гбагбо изнесува околу 1 000 и објасни дека главната препрека што се однесува до интервенцијата во претседателската палата во Кокоди (каде што се крие Гбагбо) е присуството на бројни странски амбасади во близина на истата. Вторите бргу стануваат тактички и стратегиски точки:

Францускиот весник JDD на неговата страница на Фејсбук го објави спасувањето на јапонскиот амбасадор, од страна на француската воена единица УНИКОРН,  од неговата резиденција во Абиџан  која беше нападната од страна на платеници ноќта на 6ти април. Снимката потекнува од Министерството за одбрана на Франција:

Според Jeune Afrique, најпознатиот африкански весник на француски јазик, 100 анголски специјални единици [fr] ги подржуваат војските на Гбагбо кои го заштитуваат претседателскиот бункер каде сеуште се крие поранешниот лидер.

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за немирите во Брегот на слоновата коска во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.