Ова интервју е дел од низата портрети за придонесувачите на Global Voices. Преведувачите се оние кои се наоѓаат ”позади сцената” и им овозможуваат на читателите да ја читаат содржинатa на други јазици.
Интересот за одредена земја е често една од причините која ги тера луѓето од обични читатели да започнат да даваат придонес на Global Voices. Центарот на вниманието на Гаел сега е Јапонија. Гаел го откри Global Voices благодарение на неговиот интерес за Бангладеш.
Тука можете да ги пронајдете портретите на другите блогери и преведувачи на Global Voices ширум целиот свет.
[Сите линкови се извадоци од француски статии освен доколку не е наведено поинаку].
Дали честo го читавте Global Voices пред да почнете да преведувате на француски?
Гаел Брасак: Го открив Global Voices во почетокот на 2009 година на универзитетот, кога спроведував истражување за геополитичките расправии во Азиските држави. Слушнав за бунтот на Армијата на Бангладеш. Информации во печатот скоро и немаше, но на Global Voices открив многу добра статија од преведувачот Rezwan, којашто ми беше од голема корист. И така постепено, и јас започнав да преведувам за сајтот и да придонесувам како автор на истиот.
Која од статиите коишто ги имаш преведено на Global Voices те погоди најмногу?
ГБ: Една од првите статии кои ги преведував за Египет во јуни 2010 година, ”Моето име беше Калид и јас не бев терорист” . Во статијата станува збор за тоа зошто овој млад египќанец, којшто имал компромитирачки видеа од локалната полиција, беше убиен од истите полициски службеници. Во написот се прикажува распространетата корупција низ цел Египет, поддржана од полицијата. За помалку од година, се смени сè, но демонстрантите на плоштадот Тахрир не заборавија на Калид, тие го вееја неговиот портрет и во најлошите и во најдобрите моменти на египетската револуција.
Вие живеете во Дром, Франција, но моментално повеќе време поминувате во Јапонија. Зошто токму Јапонија?
ГБ: Виновници за тоа се ТВ сериите Клуб Дороти и неговите јапонска манга анимации кога бев дете! Како тинејџер, почнав да ги читам првите манга серии како што се: Jojo's Bizarre Adventure, GTO, и Rurouni Kenshin, меѓу другите. Од литература, особено ги читав Murakami Ryu, Haruki Murakami, Osamu Dazai, и Ryosuke Akutagawa. Сакав да го научам јазикот и да се преселам таму. Започнав да студирам англиски и јапонски со намера да започнам бизнис на релација Франција и Јапонија, но сепак курсевите по маркетинг и стратегија го извлекоа најдоброто од мене. Повеќе сакав да се занимавам со нешто каде што мојата главна грижа ќе бидат солидарноста и луѓето, а не парите. После една година престој во Јапонија, учев менаџмент и направив еден хуманитарен проект на Универзитетот на Екс ан Прованс, Франција, а токму таму ја запознав и мојата девојка Заиничи, корејка родена во Јапонија. Моментално барам хуманитарна работа во Франција, Јапонија или каде било. Но кога ќе остарам, сигурно ќе отидам да живеам во Јапонија.
Како се справуваш со тековните настани [во Јапонија] со оглед на тоа дека сега си во Франција?
ГБ: Неделата после јапонскиот земјотрес, цунамито и протокот на нуклеарната електрана Фукушима, јас бев многу потресен. Активно ги следев вестите, но масовноста на конфликтните информаци во традиционалните медими постепено ме туркаше, па со цел да бидам помалку на работ, избрав еден единствен извор на информации, форум. Кога се случува ваква катастрофа во држава во која некој има толку многу убави спомени, девојка, пријатели, и кадешто се надева дека еден ден ќе започне нов живот, многу е тешко да се помирите со тоа. Но, сигурен сум дека Јапонија ќе се издигне над сето тоа, како што веќе еднаш го направи по Втората светска војна. Се надевам дека ќе усвојат напредна политика за одржување на енергијата и ќе донесат правилна одлука исто како што направија и кога го усвоија Членот 9 од Јапонскиот Устав во 1946 година со кој Јапонија засекогаш се откажа од војна.