- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Алтернативни гласови се залагаат за секуларност во Бангладеш

Категории: Јужна Азија, Бангладеш, Владеење, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Развој, Слобода на говор, Човекови права

Бангладешкиот либерален хуманист, слободоумник и блогер кој има добиено многу награди Asif Mohiuddin [1] беше поканет да говори на Светскиот хуманистички конгрес 2014 [2] во Оксфорд, Британија. Тој веќе бил уапсен [3] повеќе пати заради наводни „анти-државни“ и „анти-религиозни“ написи, се соочува со напади од фундаменталистите и живее константно со смртни закани. Ова е дел од преводот [4] на неговиот статус на Фејсбук на бенгалски од 3 март 2014 [5] кој што го напишал по повод поканата на Конгресот на кој ќе говори за тоа како луѓето од Бангладеш треба да бидат перцепирани на глобалната сцена: 

Да си од Бангладеш не значи дека си Јужно Азиски исламски фундаменталист- како мал брат на Пакистанците. Во Бангладеш има религиски фундаментализам, но сепак има и гласови кои се против тоа, слично како во САД и Европа. 

Треба само да го прошириме нашиот глас на интернационалната сцена. Треба да ја потенцираме нашата позиција. Ако не го направиме тоа, тогаш светот секогаш ќе не гледа како неписмени, религиски фундаменталисти, десничарски националисти, мизогинисти, анти геј и со уназадени размислувања, а со тоа ќе бидеме гледани како мини-Пакистан, мини-Авганистан и мини-Саудиска Арабија. Време е да се променат овие перцепции. 

Сакаме да се промениме од скромна муслиманска земја во секуларен Бангладеш, каде има слобода на говор и еднакви права за сите. Ние маршираме кон иднината и се надеваме дека надворешниот свет ќе не види нас.