- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: Некаков Марш

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Владеење, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Руската опозиција требаше да одржи протестен собир на 6 мај во Москва, на вечерта на инаугурацијата на Дмитри Медведев [1] кој ќе го замени Владимир Путин [2] на претседателското место, но градските службеници не го дозволија тоа – па водачите на опозициската коалиција, Другата Русија [3], на крајот го откажаа Маршот на дисидентите во последен момент. Полицијата и онака задржа голем број од протестантите.

Корисникот на ЛајвЏурнал, другој – кој е врвен руски блогер, објави слики и опис [4] на овој „некаков марш“ (на руски):

Вечерва, до споменикот на Грибоедов на Кристи Пруди, 4.625 новинари и 8.416 полицајци ги чекаа учесниците во Маршот на дисидентите, кои сепак се појавија од спротивната страна.

Мала група од 15-20 лица се собраа на Покровка и се движеа по Чистие Пруди кон подземната метро-станица, придружувани од неколку фотографи и камермани.

Полицијата ја забележа групата од далеку и ја запре блиску споменикот на еден Казакстански фолк пејач. Само што слушнав „гррр… самоконтрола и смиреност… грхм-хм-гр…“ звуци кои доаѓаа од радиостаницата на еден полицаец, опозициските протестанти кои одеа надолу по патот беа нападнати од сите страни.

Корисник на ЛајвЏурнал козенко објави епитаф [5] (на руски) за Другата Русија:ж

Немаше Марш на дисиденти. Лидерите исчезнаа, а активистите предизвикаа неколку кратки немири во градот.

Ви честитаме на вашиот неуспех, Друга Русијо. Минатата година беше забавно, па дури и интересно со Вас. На почетокот дури се чинеше дека има иднина за вас, но на крајот сето тоа се покажа– ќе ми простите – досадно и срамно.
Амин.

Еве една размена од делот за коментари на овој напис:

марченк:

Овој напис изгледа како да го пишувал некој навреден и разочаран човек кој купил билет за претставата, но актерите избегале со неговите пари. 🙂

козенко:

Овој напис изгледа како да го пишувал некој навреден и разочаран човек.
Многу разочаран, бидејќи ниеден од политичарите во неговата земја не ги застапува неговите интереси. […]