Либан: Штрајкот закиселен

7ми Мај требаше да биде ден за генерален штрајк и демонстрации за борба против владината економска политика, цените на оризот и малите плати. Синдикатот на работниците мораше да ги откаже демонстрациите, иако штрајкот е сѐ уште во тек, бидејќи избија судири во многу места во Либан помеѓу различни фракции кои припаѓаат на про-владини и опозициски табори. Блогерите беа брзи во коментирањето на настаните. Еве некои од нивните размислувања од вчерашниот ден иако настаните се интензивираа брзо во борба со оружје на улиците на Бејрут. Проверете поназад за повеќе резимиња на постови од блогери и извештаи за кризите кои се откриваат:

Taнталус го коментира најголемиот страв на Либанците – “граѓанска војна”:

На тропањето на својата врата, либанскиот граѓанин станува да види кој е тоа:
O Граѓанска војна, каде беше последниве 18 години? Ми недостасуваше. Добредојде пак.

Рами го изразува своето гадење:

Исто така е** ги оние кои се обидуваат да се преправат дека се ангели, додека ние знаеме многу добро дека се потребни НАЈМАЛКУ 2ца за да се започне војна, па така е многу очигледно дека 8ми март и 14 март се двата а*******.
Јас сум сега на работа и сѐ уште не знам дали ќе биде безбедно да се враќам дома или не… Ох тоа уште едно е** се за “вадо3″ (ситуација).

Инер Сркл објаснува зошто е тој сега засрамен од тоа што е Либанец:

Најлошиот дел од сето ова е дека Либанците мислат дека се подобри од своите соседи. За некого, Либан не е ни на мапата од светот; за мене, денес, Либан е главно група на ниска класа, ѓубре луѓе кои го исклучуваат било кој имиџ што неколкумина интелектуалци од зад сцената тежнеат да го пропагираат. Сите ја заборавија целта на денешната демонстрација, или можеби претпочитате да ја наречете, десет минути во шоуто.

Енгри Араб анализира низ што и зошто поминува Либан од социјална, регионална и историска перспектива:

Неколку од мејловите што ги примив од Бејрут денес ме информираа дека избила или започнала “граѓанска војна” во Либан. Тоа ве тера да се запрашате: која социјалната наука одлучува кога официјално започнува граѓанска војна? Не започнува со парада или прес конференција и јас ве уверувам, од искуство дека често луѓето не знаат дека тие тукушто влегле во граѓанска војна. […]
Низ она што минува Либан токму сега е несомнено дел од оставината на Рафог Харири. Тој направи план за Либан (порано со помош на Сирија и Саудиска Арабија, и подоцна со поддршка на таборот од Сирискиот режим пред да биде неутрализиран по подигањето на Башар Ал-Асад) јасно додека беше во склад со плановите на САД и Израел за регионот. […]
Санирух беше премногу привлечен за Американците: тие мислеа дека тој ќе го направи во Либан она што Малики не успеа да го направи во Ирак: да наметне национална волја против народната војска и групите за отпор насекаде во регионот. На никого во новата ера не му е дозволено да и пркоси на волјата на САД и Израел. […]
Она што се случи во Либан денес беше сигурно дел од поголема регионална завера: не можете да ги изолирате развојот на Либан од развојот на Ирак и Палестина. […]
Па ќе има ли граѓанска војна? Според ова, може да се каже. Партијата која сака граѓанска војна не може да го постигне тоа, а партијата која може да поттикне и одржува граѓанска војна не го сака тоа – барем не засега.

Јноубујех ги споменува одлуките на владата како прекршоци кои ќе доведат до несакани последици:

Одлуката да се отстрани Б.Г. Шгеир исто така ќе ја забрза моќта на муслиманските  шиити во опозицијата да дејствуваат на тој начин што имунитетот на владините работни места на муслиманските шиити ќе остане недопрен.
Неколку часа порано, потпретседателот на Високиот Исламски Шиитски Совет Абдул Амин Кабалан изјави дека тој пренел порака до Саниора дека на отстранувањето на Шгеир ќе се гледа како на прекршок без преседан кој ќе доведе до несакани последици.
За неговиот дел, претседателот на Блокот за промени и реформи , член на парламентот Мајкл Аоун ја бранеше комуникациската мрежа на Хезболах, нагласувајќи дека “има и други приватни мрежи за комуникација, а не само таа на Хезболах.” “Да се најде камера на патот за аеродром не е навлегување во безбедноста,” рече Аоун. “Патот до Бекфаја е полн со камери и тие не набљудуваат цело време,” додаде тој.

Фрајдеј Ланч Клуб постираше писмо што тој го добил од Нир Росен во кое Нир известува за неговото искуство во текот на денот додека трчал од една точка на палење до друга:

“….јас го поминав целиот ден трчајќи околу сите точки на палење во Бејрут, каде и да имаше гужви, пукања, експлозии, јас без вознемируван од различни воени групи од двете страни и тоа беше перфектно за мојата голема сторија за Сунис од Либан и нивните народни војски, но бев навистина шокиран од однесувањето на Амал. Јас поминав многу време со војската на Мустагбал кои се разбира се насилници и расисти и нивните војници се сé подобро организирани, и тоа е за заплашување, но тие се чинат многу слаби и скоро кукавици во споредба со насилниците на Амал кои ги видов денес, кои беа многу провокативни.

Хјуман Провинс прашува како еден проблем како зголемување на минималните плати би можело да стане оправдување за улична борба:

Мојата пријателка С, од друга страна, живее во Корниче ел-Мазра, каде се водеше борба поголем дел од денот. Таа тукушто ми кажа дека тие не виделе никакви воени трупи подолго од еден час, само полиција од Амал и Мостагбал (Движење за иднина) кои носеле пиштоли и рачни фрлачи (РПГ). Тие немаат електрична енергија и требало да ја напуштат дневната соба, затоа што прозорците се преголеми. Имало и други судири во вообичаените места: Кола, Мусеитбе, Тариг ел-Џадида, Тајоуне и Рас ел-Наба, помеѓу другите.
Навистина е депресивно за мене како еден проблем како зголемување на минималните плати, кој требаше да се појави во секташките редови, неизбежно се претвора во оправдување за силеџиите од натпреварувачките политички партии да се борат на улица.

Мирват гледа на ситуацијата како на клетва која Либанците ја наследиле од нивните Феникиски предци:

Тоа е клетва од нашите татковци ние никогаш да не бидеме заедно, дека ние секогаш треба да бидеме разделени. Дека ние треба да уништиме сé што ќе постигнеме. Дека ние треба да работиме еден против друг. Дека ние треба секогаш да ја оставиме следната генерација во ужасен очај и соочена со предизвикот од повторно градење на име за себе и за нивната држава, сé додека ние не уништиме сé, повторно.
Феируз е заглавен на аеродромот!
Дали нас ќе не сфатат сериозно некогаш повторно, дали ќе бидеме почитувани повторно? Кога самите не си веруваме, ние се истоштуваме, ние се самоуништуваме и ние .. неизбежно .. ќе пукнеме од внатре!

Лилин го гледа Либан разделен помеѓу двете фракции:

Дами и Господа, ние Либанците сме сецирани и разделени од страна на две големи зли сили, Харирист и Хазболах!
Следните денови ќе ја откријат војната која настапува, која не мора да значи дека ќе биде типична граѓанска војна на која сме навикнати, но кога рачни фрлачи (РПГ), снајпери и бомби се употребуваат во демонстрации кои би требало да бидат “мирни”, тогаш станува збор за една грда битка во најмала рака.
Досега, некои членови на Движењето за иднина, го затворија патот во Саднејил и исто така во Масна, која е границата за премин помеѓу Либан и Сирија како одговор на затварањето на патот до аеродромот  од страна на Хазболах.  Првите, тврдат дека штом ќе се отвори патот до аеродромот, тие ќе ги отворат патиштата на нивните завршетоци.

Максист фром Ленанон укажува на фактот дека сите политички партии се организирани  за војна:

Денешните настани покажуваат дека секоја политичка партија е организирана за војна. Реалистичка перспектива би била дилемата за безбедност: “еј, тие имаат оружје, па и јас ќе земам оружје исто така иако јас сакам мир!” Ова е едно мало прашање, ако го земете збирниот број на луѓе на улиците, тоа кажува дека поголем дел од пролетеријатот во Либан не [сака] војна, и само оние патетични стаорци сакаат да одат во војна.

Фотографии и новости се постираат на Blacksmiths of Lebanon, на Bilad ash-Sham и на Farfahinne.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.