Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Куба: Кооперант од Соединетите Американски Држави осуден на 15 години затвор

Според кубанскиот дневен весник Грама [шпански], кооперантот на Меѓународната агенција за развој на Соединетите Американски Држави и граѓанин на Соединетите Американски Држави, Алан Грос беше осуден на 15 години затвор во Куба на 12 март 2011 година откако беше осуден за нелегална дистрибуција на опрема за информациска технологија на Кубанците.

Според судот на Куба, тој извршувал „дејство против независноста или територијалниот интегритет на државата“.

Cuban flag. Image by Flickr user pietroizzo (CC BY-NC-SA 2.0).

Кубанско знаме. Фотографија на корисникот на Фликр pietroizzo (Криејтив Комонс, Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.0).

На 3 декември 2009 година, кубанските надлежни служби го уапсија Грос во текот на неговата петта посета на островот. Тие го уапсија во Хавана на Меѓународниот аеродром Хозе Марти во неговиот обид да ја напушти Куба. Грос им носел ИТ опрема на мали цивилни групи додека работел таму како консултант во Development Alternatives, Inc. (DAI), компанија за меѓународен развој која често соработува со УСАИД. Грос влегувал во државата со туристичка виза (а, не со посебна виза за работници) и немал дозвола од Владата за дистрибуција на овие материјали.

Кубанските власти го држат во затвор со висока безбедност веќе 15 месеци, без никакви формални обвинувања, а исто така и неговото судење коешто се одржа на 15 март беше затворено за новинарите. Беа наведени само некои општи изјави во врска со процедурите. Пресот кој известуваше за настанот поврза уште неколку луѓе вклучени во ова со што ги разбуди сомнежите на јавноста за тоа каква работа извршувал Грос во Куба.

Авторот на Кубанскиот триаголник и политичкиот експерт, Фил Питерс, изложи некои пропусти во главното изложување на овој случај. Тој им посочи на познавачите документи за УСАИД и за кубанските закони  според кои од 1999 година Владата на Куба забранила секаква помош од УСАИД програмите. Веднаш по апсењето на Грос, Питерс накратко објави напис за тоа како Владата на Куба гледа на УСАИД програмите:

Хавана има тенденција да ја види УСАИД како дел од 50 годишниот напор да влијае врз промена на режимот во Куба… [тие] ја поврзуваат тековната програма со ембаргото, со Заливот на свињите и со уште голема листа отворени и потајни напори на САД со цел отфрлање на нивната социјалистичка влада.

Тој изјавува дека без оглед на тоа колку и да била добра намерата на Грос, програмата на којашто работел тој сега во Куба се смета за обид за политичка субверзија. Тој вели:

Една работа е да воспоставувате програми за граѓанското општество во држава во којашто Владата не се спротивставува, но сосема друга работа е да го правите тоа во комунистичка држава која ја сфаќа програмата како закана за нејзината национална безбедност.

Исто така, Грос е спомнат во видео објавено во февруари 2011 година кое се нарекува  „сајбер-војна“. Во главна улога во видеото се појавува кубанскиот експерт за сајбер-безбедност, Едуардо, во коешто тој зборува за обидите на САД да наштети на Владата на Куба со тајно инсталирање на центри со безжичен интернет низ целиот остров, како дел од тактиката на „сајбер војната“.

Кубанската Влада ова го протолкува како закана за нејзината национална безбедност, бидејќи на тој начин тие ја сфаќаат моќта на информациската и комуникациската технологија (ИКТ). Оттаму произлегува и прашањето: што поточно Грос донесе во Куба? На оваа тема, кубанскиот блогер и интелектуалeц Лери Прес забележува дека во разни медиуми се споменуваат различни опреми. Од “најсофистицирана опрема за сателитска комуникација“ (наведува Раул Гастро во Вашингтон пост ), па до „мобилни телефони, лаптопи и друга комуникациска опрема“ (Њујорк тајмс) и „поставување на сателитски станици за широкопојасната глобална мрежа (Ел прогресо). [Белешка – БГАН значи широкопојасната глобална мрежа]

Лери Прес пишува:

Да претпоставиме дека го донел сето тоа–мобилни телефони, лаптопи, опрема за сателитскиот интернет и дека сето тоа го направил бидејќи склучил договор со УСАИД. Колкава штета ни има нанесено? Мобилните телефони и лаптопите се достапни насекаде во Куба.. така да ни нема некоја значителна разлика помеѓу овие два факти. А, што се однесува на тајниот сателитски интернет, споменав претходно дека тоа не би имало никакво влијание врз Куба.

[…]

Без да заземам позиција и да бранам која било од двете страни… САД и УСАИД, ефикасноста на тоа „мешање“ или мотивите на Алан Грос, јасно се гледа дека наводниот обид на Алан Грос не би имал никаков ефект.

Со оглед на потенцијалното влијание (реално или измислено) коешто Грос се обидел да го направи, јасно се гледа дека Владата на Куба го прогонува Грос бидејќи тој претставувал една програма којашто тие сметаат дека е закана за националниот суверенитет. Многу групи фокусирани на Куба го застапуваат овој случај и сметаат дека ваквите програми треба засекогаш да бидат исклучени од Куба, но останува да видиме што ќе се случи.

Кубанскиот блогер Иван Гарсија забележува дека „нивниот вистинскиот непријател не е Грос“. Американецот не е ништо повеќе од добра валута за размена. Не е воопшто лошо да се преговара со Јенките. Или пак како политичко шоу. Maлку повеќе“.

Ако Грос има среќа можеби САД ќе изнајдат начин да се ценкаат со Владата на Куба за да го вратат дома и конечно тогаш ќе излезе на површина за што поточно станува збор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.