- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Интервјуто на руски државен медиум со извршната директорка на служба за заеднички превоз со автомобил е откажано откако продуцентот дознал дека се работи за жена

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Граѓански медиуми, Жени и род, Медиуми и новинарство, Рунет Ехо
[1]

Исечок од картон со фотографија од извршната директорка Ирина Рејдер во канцелариите на „Блаблакар“ во Русија. Фотографија од профилот на „Фејсбук“ [1] на Ирина Рејдер

Ирина Рејдер, извршната директорка на руската подружница на службата за заеднички превоз со автомобил „Блаблакар“, вели дека нејзиното интервју за државната телевизија „Канал еден“ било откажано откако уредникот на програмата сфатил дека станува збор за жена.

Рејдер за инцидентот напиша [2] на нејзиниот профил на „Фејсбук“. Таа вели дека го слушала телефонскиот разговор помеѓу продуцентот на „Канал еден“ и службеникот за односи со јавност на „Блаблакар“ кој го снимила:

Р (редактор передачи “Доброе утро”): Формат будет такой: корреспондент едет за рулем и берет интервью у вашего эксперта.

PR (PR – менеджер BBC): Да, отлично.

Р : А кто будет спикером?

PR: Наш генеральный директор Ирина Рейдер.

Р : Ой….у вас же был замечательный парень ..

С: Да, у нас был генеральный директор Алексей Лазоренко, а сейчас Ирина Рейдер.

PR : Да, я знаю, что в прошлом году у вас сменился генеральный директор. Но Ирина как спикер не подходит. Понимаете, у зрителя есть стереотипы… Ну, там, хороший юрист – это мужчина. Или автомобильный эксперт – мужчина, но не женщина. Может быть вы, Сергей, сможете дать нам интервью?

У: (уредник на емисијата „Добро утро“): Еве го форматот: нашиот новинар вози автомобил додека го интервјуира Вашиот експерт.
ПР: (службеникот за односи со јавност на „Блаблакар“): Да, супер.
У: И кој ќе биде експертот?
ПР: Нашата извршна директорка Ирина Рејдер.
У: Ох… а нели имавте машко еднаш?
ПР: Да, Алексеј Лазоренко беше извршен директор, а сега е Ирина Рејдер.
У: Да, знам за минатогодишните промени во Вашето раководство. Но Ирина нема да може да учествува како експерт. Видете, нашата публика има одредени стереотипи… Знаете, добар адвокат обично е маж. Или некој кој се разбира во коли – маж а не жена. Можеби ти, Сергеј, би сакал да дадеш интервју?

Кога Сергеј, службеникот за односи со јавност на Рејдер, му рекол на уредникот дека нема експерти мажи во фирмата, изјави таа, вториот ветил дека повторно ќе се јави откако ќе се консултира со продуцентот. Во вториот повик, на претставникот на „Блаблакар“ му било кажано дека дошло до промена во форматот на сторијата и тие ќе ги интервјуираат корисниците на услугата.

„Што мислите? Дали новите експерти ќе бидат доволно експертски?“, Рејдер саркастично ги прашува нејзините следачи.

Во коментар за „ТЏурнал“ [3], медиум за технологија и друштвени медиуми, прес службата на „Канал еден“ не ја негираше вистинитоста на размената, но тврдеше дека пристапот по природа не бил сексистички. Сепак, нивното објаснување не даде цврста основа за тоа тврдење:

Два корреспондента — молодой человек и девушка – планируют продемонстрировать мужской и женский подход к экономии. При этом девушка советуется с мужчинами-экспертами, а молодой человек — с экспертами-женщинами. Поскольку девушка планирует экономить на поездках, ей предстоит разговаривать с представителем сервиса поиска попутчиков (да, по задумке этого сюжета, а не из-за гендерного неравенства, он должен быть мужчиной).

Двајца новинари, млад маж и жена, се со намера да ја покажат разликата помеѓу пристапот на мажите и жените кога станува збор за штедење. Младата новинарка ќе интервјуира машки експерти, додека младиот новинар ќе интервјуира жени. Со оглед на тоа дека целта на новинарката е да заштеди на возења, таа ќе зборува со претставник на служба за заеднички превоз (да, бидејќи таква е структурата на емисијата, а не заради родовата нееднаквост, треба да биде маж.)

Од „Канал еден“ не дадоа образложение за тоа како се разликува женскиот пристап кон штедењето од машкиот. Но без разлика на тоа, јавноста не беше убедена и го критикуваше пристапот на телевизиската мрежа.

Извршната директорка на „Блаблакар“, Ирина Рејдер, изјави дека нејзиното интервју за емисијата „Добро утро“ која се емитува на „Канал еден“ било откажано од уредникот откако дознал дека таа е жена. Навистина изненадува тоа што сè уште има аспекти од лудилото на „Канал еден“ за кои не сме знаеле.

Покрај големиот број негативни реакции на сметка на „Канал еден“ кои се појавија на Интернет, Русија сè уште треба да помине долг пат кога станува збор за родовата еднаквост. Русија се наоѓа на 75-тото место од 149 земји кои беа дел од Извештајот за глобалниот родов јаз [5] на Светскиот економски форум од 2018 година, според кој таа има солидни поени за еднаков пристап до здравствена заштита и образование за жени, но нема законски решенија кои ги штитат нивните права [6]. Руските феминистки често ги користат друштвените медиуми и сатирата [7] за да го свртат вниманието кон сексистичките обичаи и практики.