Што е хакирање на образованието?

Педро Мулер ги изразува неговите ставови за застареноста на училишниот систем, институција за која тој вели дека е наменета за друг историски контекст. Во таа смисла, тој поентира кон две слични, но во истовреме различни, концепти: „да се учи“ и „да се биде образован“:

El educar se va más allá de memorizarse un par de nombres y olvidarlos al siguiente día, consiste en aprender tener la curiosidad de preguntarse qué hay detrás de lo obvio, es adquirir habilidades, ejercitar tu pensamiento lateral un pensamiento divergente o como muchos dicen “fuera de la caja”, educarse también es crear y hacer convertir nada en algo, innovar.

Nosotros aprendemos mejor en grupo es parte de nuestra naturaleza, discutir, pensar y reflexionar sobre un tema en específico sacar conclusiones, como muchos dicen la mejor manera de educarse es aprender.

Да се биде образован е повеќе од запомнување на неколку имиња и нивно заборавање наредниот ден. Тоа е да се има љубопитен ум и да се запрашаме што се крие зад очигледното, тоа е да се здобиеме со вештини, да се вежба паралелното мислење, дивергентно размислување кои многумина го нарекуваат „размислување надвор од кутијата“. Да се биде образован е исто така и да се учи да се биде креативен и иновативен.

Ние подобро учиме во групи; дел од нашата природа е да дискутираме, размислуваме и продлабочуваме на специфична тема и да влечеме заклучоци. Се вели дека најдобриот начин да се стане образован е да се учи.

Мулер ги поканува читателите да го погледнат следново видео на англиски јазик, каде Логан ЛаПлант зборува за концептот на „хакирање на образованието“ или „хакшколување“, што се однесува на процесот на учење како групна активност, врз основа на обиди и грешки, над се, важноста на креативноста.

Продолжете со читањето на написот на Мулер овде, или следете го на Твитер.

Овој напис е дел од 46от #LunesDeBlogsGV (Понеделник на блогови на ГВ) на 23 март, 2015.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.