Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сожалување за сиромашните, или „кога ќе слушнеме добра вест?“

CC BY AdamCohn

Експерти по комуникација од дански НВО проценуваат фотографии како оваа погоре, но оние вклучени во собирањето на средства често завршуваат заглавени во вознемиреност и катастрофа. Фотографијата е на Адам Кон (CC BY-NC-ND 2.0)

Сте ги виделе и порано: дете во партали со празен поглед и муви во неговите очи; мајка како беспомошно прегрнува изнемоштено дете. Можеби е болно да се гледаат овие слики, и слики како овие може да не инспирираат да направиме нешто, но исто така тие прикажуваат само една страна од приказната. 

Комуникаторите мораат секогаш да одберат перспектива, се разбира, и јас сфаќам дека тажни слики се дел од реалноста. Но што е со другиот дел, делот кој ги прикажува ресурсите, потенцијалот и развојот? Во Латинска Америка, на пример, има повеќе жени од мажи на универзитетите. Во Африка, смрттните случаи кај новороденчиња опаѓа. Уште од 1990, 2.1 милијарди добија пристап до вода, и помеѓу 1999 и 2011 бројот на девојки кои посетуваат училиште во Авганистан порасна од 15 000 на 2.2 милиони. (извор: ОН) 

Ова се силни бројки кои кажуваат прилично неверојатни приказни – но дали добиваат доволно внимание како оние кои прикажуваат слики на вознемиреност и катастрофа? Не велам дека нашата работа тука е завршена и дека сме ја достигнале целта за постигнување на еднаков и фер свет. Но нашите впечатоци е дека конструктивните приказни се ретко раскажани, и позитивни слики се недоволно прикажани. 

Данска: Големи резултати, малку знаење

Секоја година, DR, Данскиот национален радиодифузер, и десетина дански НВО беа домаќин на национален настан за собирање на средства. Пораката на овогодишниот настан беше „Кога мама недостасува“, со фокус на сираците, новинарските фотографии [дански] ги прикажуваат домаќините на настанот, среќни деца, или деца кои изгледаат сериозно со насолзени очи. Од 2007, Данците имаат инвестирано повеќе од 500 милиони ДКК (90,5 милиони долари) на проекти за развој во Африка. Тоа е многу, и прави реална разлика. Но што е со сликите кои ги правиме секоја година од земјите во развор: дали со тоа не промовираме нееднаква слика милостивиот север и беспомошниот југ?

Данска има долга традиција на солидарна работа, билатерална и мултилитерална помош понудена од познати експерти и организации кои го навигираат комплексното поле на развој. Ме вознемирува гледањето на едноставната слика проектирана од националните настани за собирање на донации: некој има потреба -> ајде да помогнеме -> помогнавме -> ајд да се чувствуваме добро. Го ценам тоа што настанот успешно собира средства – но основната нарација ја нарушува целта. Несреќната вистина е дека овој тип на нарација е на широко распространета низ светот. 

Во неодамна објавениот извештај направен од DANIDA [данската интернационална агенција за развој] прикажува дека 65% од Данците поддржуваат донирање на парични средства за развој. Додека истовремено,  64% веруваат дека бројот на луѓето кои живеат во сиромаштија во светот останува непроменет последните 20 години, и дека само 3 од 10 деца во светот идат на училиште. Всушност, 9 од 10 деца одат на училиште; и последните 20 години бројот на луѓе кои живеат во немаштија во светот се намалил за 700 милиони. На кратко, има огромен прогрес на повеќе фронта, но наводно Данците не се во тек со вестите. 

Пораст на добрите вести

Во 2010 беше покрената иницијатива чија главна цел беше комуницирање на позитивни резултати од земјите во развој, притоа креирајќи свесност кај Данците и правење на баланс со вестите за безбројните катастрофи во вестите. Иницијативата се вика World's Best News (Најдобри вести од светот), и како појдовна точка ги користи Mилениумските развојни цели на ОН. Проектот е започнат од DANIDA и ОН, во соработка со 90 дански НВО и 90 компании. Прилично невообичаена комбинација, со не толку традиционална цел на ширење на добри вести. 

Целосно разоткривање: „Работам за World's Best News и мојот поглед на иницијативата е со тоа пристрасен, но имам да споделам едно набљудување: нешто се случува во полето на НВО. Повеќе и повеќе НВО ги контактираат World's Best News барајќи совет за како да ги оформат нивните комуникации и кампањи на поконструктивен начин, а World's Best News не е единствениот играч во полето.“ 

Во 2012, уредникот на вести Улрик Хагеруп објави книга „Конструктивни вести: конфронтација со негативниот поглед на печатот“. Една очигледна провокација за медиумите. Хагеруп укажува на моќта на печатот и ги охрабрува новинарите со таа моќ да се справуваат со поголема грижа, и конструктивно да практикуваат критично новинарство. 

Една година порано, во 2011, поранешниот извршен продуцент и новинар, Катрин Гилденстед, ја објави нејзината магистерска теза од Универзитетот во Пенсилвнија на интернет. Нејзиното истражување покажува дека и конзумирањето и произведувањето на класични вести има значително негативно, емоционално влијание како на новинарите, така и на нивните читатели, и дека позитивното известување може да креира еден вид на база за огромна потенционална промена во медиумите.

Друг важен заклучок беше дека премногу негативност креира апатија. Со цел да извлечеме одговор и реакција од нашите читатели, заклучува Гилденстед, ние треба да укажеме на некаков излез од ситуацијата и можно решение – искра надеж. Што не значи дека ние треба да скокнеме до крајноста да креираме само позитивни всти – туку вести кои се суптилни, урамнотежени и конструктивни. 

Ова ме наврати во светот на НВО. Одделенијата за комуникација на данските НВО покажуваат повеќе и повеќе интерес за конструктивна комуникација, но собирачите на средства, генерално зборено, не толку многу. Една моја пријателка која е еден од тие собирачи на средства ми рече дека бројките и го кажуваат следното: тие собираат повеќе пари со реклами кои прикажуваат деца во партали отколку со реклами каде субјектот е подобро облечен. Доколку веруваме во заклучоците на Гилденстед, премногу партали ќе доведат до апатија, а со апатија се помали шансите за генерирање на донации на долги патишта. Надежта пак, од друга страна, ги мотивира луѓето.

Верувам дека е само прашање на време пред читателите и донаторите да почнат да ги ценат конструктивните наративи исто толку многу како и комуникаторите. Станува збор за ланчана реакција – некој мора да биде напред за да ги придвижи тркалата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.