- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Најава на протест за поддршка на тужен екологист

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Владеење, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Животна средина, Закон, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Блогот Гринбокс извести [1] дека Зелената коалиција и НВО Ленка ќе одржат протест пред судот во Велес на 9 мај 2012 година во 11:30 ч. пред почетокот на судењето на екологистот Игор Смилев,  кој е обвинет за загрозување на безбедноста, клевета, навреда и др. [2] од директорот на Метрудхем, корпорација која намерава да ја рестартира локалната топилница за олово и цинк. Ленка исто така објавија правна аргументација [3] со која се отфрлаат обвинувањата, врз основа на правата на активистот опфатени со меѓународни конвенции, Уставот и законите на РМ.