Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Чиле: Причини за повторен протест

[Сите линкови водат до содржини на шпански јазик, освен ако не е поинаку означено]

На 25 април 2012 година, по неколку месечно „молчење“ и по претставувањето на реформите за финансиска помош за високото образование од страна на претседателот Пињера, студентите ги заземаа улиците на Чиле за да протестираат за бесплатно, обемно и квалитетно образование

Реформите опфаќаат предлог универзитетите – наместо банките – самите да ги финансираат кредитите за студентите и самите да ја пополнат празнината меѓу трошоците и вистинската партиципација, како и да го намалат просекот на оценки кој е потребен за аплицирање за стипендии за посиромашните студенти.

Со следново видео, лидерите на сојузите на приватните и државните универзитети, ги покануваат луѓето да протестираат и го претставија хаштагот на Твитер #yomarchoel25 (Јас протестирам на 25-ти)

Познатата лидерка на студентите Камила Ваљехо (@camila_vallejo) објасни:

Porq no queremos cambiar deuda x deuda, porq necesitamos erradicar el lucro y recuperar la educación pública #YoMarchoel25

Затоа што не сакаме да заменуваме долг со долг, затоа што треба да го укинеме профитот и да го повратиме државното образование #YoMarchoel25

Лидерот на студентите, Џорџо Џексон (@GiorgioJackson) е оптимист:

Ojalá mañana seamos varios miles los activistas del pacifismo… ¿Quién marcha mañana?#yomarchoel25

Се надевам дека утре ќе има илјадници мировни активисти… Кој ќе протестира утре? #yomarchoel25

Пабло, студентот по архитектура (@cut_copy_) ја сподели оваа информација:

#yomarchoel25 porque según la UNESCO, el sistema educativo de Chile fomenta la DESIGUALDAD@javier_alatorrehttp://portal.unesco.org/geography/es/ev.php-URL_ID=15019&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html#yoapoyoalosestudiantes

#yomarchoel25 затоа што според УНЕСКО, образовниот систем во Чиле ја поттикнува НЕЕДНАКВОСТА   @javier_alatorrehttp://portal.unesco.org/geography/es/ev.php- URL_ID=15019&URL_DO=DO_TOPIC&URL_SECTION=201.html#yoapoyoalosestudiantes

Матијас Гојенечеа (@mgoyenechea) ја искористи шансата да зборува за промените кои сака да ги види и во здравствениот систем:

Porque en Chile requerimos cambios estructurales:#yomarchoel25 por la educación, voto en el#PlebiscitoSalud

Бидејќи на Чиле му се потребни структурни промени: #yomarchoel25 за образованието, гласам во #PlebiscitoSalud

Габриел Борис (@gabrielboric), претседателот на Студентската федерација на Универзитетот Чиле (СФУЧ) накратко резимираше:

Porque queremos que en Chile, la calidad de tu educación no dependa de la plata en tu bolsillo,#YoMarchoEl25

Затоа што сакаме квалитетот на образованието во Чиле да не зависи од парите што ги имаш во џебот #YoMarchoEl25

@Nadapablo од Талка дава совет:

Слика од студентското движење 2011 објавена од корисникот на Фликр Museo de Arte Callejero (CC BY-NC-SA 2.0) снимена на 25 септември 2011.

Conoce tus derechos en caso de detenciónhttp://www.codepu.cl/documentos/cartilla.pdf(vía CODEPU) #YoMarchoel25#Yoapoyoalosestudiantes

Запознајте се со вашите права во случај ако ве уапсат: http://www.codepu.cl/documentos/cartilla.pdf(vía CODEPU) #YoMarchoel25#Yoapoyoalosestudiantes

Музичката група Илјапу (@Illapu) со охрабрувачки зборови:

Vaaaaamos compañeros hay q ponerle un poco + de empeño salimos a la calle nuevamente la educ chilena no se vende se defiende #yomarchoel25

Наааапред пријатели треба да вложиме малку повеќе енергија и пак да излеземе на улиците, чилеанското образование не е на продажба, треба да се брани #yomarchoel25

Интернет-корисниците исто така коментираат зошто ги поддржуваат студентите преку #yoapoyoalosestudiantes (Ги поддржувам студентите)

Профилот на Difamadores (@difamadores) образложи:

#yomarchoel25 Por que basta de aspirinas, hay que hacer cambios profundos al sistema educacional chileno. #yoapoyoalosestudiantes

#yomarchoel25 затоа што доволно пиевме аспирини, ни требаат темелни промени во образовниот систем на Чиле. #yoapoyoalosestudiantes

Палома (@myta_colombe) ги критикуваше досегашните одлуки на владата:

Porque no queremos “soluciones” parche y queremos educación de calidad, gratuita y laica #yoapoyoalosestudiantes

Затоа што не сакаме делумни „решенија“ и сакаме добро, квалитетно образование, бесплатно и секуларно #yoapoyoalosestudiantes

Твитер-корисникот Џесика Табило (@JessicaTabilo) изјави:

Por el derecho de todas las familias a dar a sus hijos una EDUCACION de calidad #yoapoyoalosestudiantes,ahora y siempre!todos a marchar hoy!

Затоа што секое семејство треба на своите деца да им овозможи квалитетно ОБРАЗОВАНИЕ #yoapoyoalosestudiantes сега и секогаш! Сите да протестираат денеска!

Луис Емилио (@DiazLuisEmiLio), кој неодамна дипломирал, донесе заклучок:

Sólo en la calle se consiguen grandes transformaciones sociales #yomarchoel25

Само на улиците се постигнуваат големи социјални промени  #yomarchoel25

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.