- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сајтот за самитот на Глобал Војсис е онлајн

[1]Со задоволство ви го најавуваме лансирањето на веб сајтот [1] на самитот за граѓански медиуми на Глобал Војсис 2008! [1]

Самитот оваа година ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија, на 27-28 јуни 2008 година. Посетете го сајтот на самитот за повеќе информации за целите на состанокот [2], нашата одлична програма на настани [3], детали за регистрацијата [4] и информации за волшебниот град Будимпешта [5], вклучувајќи листа од блогови за Унгарија.

Додека сте на сајтот, ве молиме да ја раширите веста за самитот на Глобал Војсис [1] со поставување на еден од нашите одлични беџови или банери [6] на вашиот блог или веб сајт.

Во следните неколку дена и недели ќе ги додаваме биографиите на говорниците, листа на присутни и многу повеќе – затоа проверувајте го сајтот [1] за блог постови и коментари од учесниците на самитот и други за да се вклучите во конверзацијата.

Се гледаме во јуни во Будимпешта!