- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Видео: 10/10/10 – Еден ден на земјината топка

Категории: Северна Америка, САД, Граѓански медиуми, Идеи, Уметност и култура, Филм

На 10-ти октомври 2010 година ќе биде направена една модерна временска капсула и во текот на тој ден, луѓето од целата планета ќе снимаат видео филмови кои за нив имаат некаква значајност, а се во врска со проектот Еден ден на земјината топка. [1]. Во проектот можат да учествуваат сите и снимките кои ќе бидат собрани, на 10-ти октомври ќе бидат искористени во правењето на еден 120-минутен документарен филм на Јутјуб [2].