Најмалку 30 загинати по обилните дождови во Чиле

Најтешките врнежи кои го погодија северниот дел на Чиле во изминативе децении ги земаа животите на најмалку 30 луѓе, според последниот извештај на Државното кризно одделение на Министерството за внатрешни работи (познато како Онеми), со дата од 21 април.

За време на пишувањето на оригиналниот напис на кој е базиран овој превод, беше пронајдена нова жртва.

НАЈНОВО: Кај Лос Сорос, беше пронајдено телото на нова жртва од поплавите. Ова е 31 жртва.

На Глобал Војсис, објавивме за тоа што се сметаат за најлошите врнежи во последниве 80 години во северните региони (главно во Атакама и Антофагаста) кога силните врнежи предизвикаа да се излее реката Copiapó.

Според известувањата на медиумите, има најмалку 59 исчезнати лица и 29.739 погодени од несреќите. Во меѓувреме, материјалните штети се зголемија на 2.000 целосно уништени домови. Преку 6.000 се тешко погодени, и дополнителни 11.000 претрпеле помали штети.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.