Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иницијатива им помага на деца со аутизам преку сурфање

Табра е асоцијација покрената од Гилермо Фереро и Андреа Месонес во Перу која има за цел да го подобри квалитетот на живот на децата со аутизам и даунов синдром преку сурфање и контакт со природата, како што е наведено на нивната Фејсбук страница.

Гилермо е татко на 13 годишно момче кое е дијагностицирано со аутизам, а Андреа е студент на психологија на универзитет во Лима.

Tabra nace del deseo de probar alternativas para lograr una mejora significativa en los niños con problemas del desarrollo cognitivo, dándoles oportunidades de expandir su mundo.

Табра се роди од желбата да се пробуваат нови алтернативи за да се постигне значајно подобрување кај децата со потешкотии во нивниот когнитивниот развој, давајќи им можности да го прошират нивниот свет.

За време на секоја месечна дво-часовна сесија, „Тие се обидуваат да внесат новодојденци, како сите би учествувале“. Поради нивната логистика, можат да дозволат само помеѓу 10 и 12 деца во една сесија.

Како што вели Гилермо Фереро:

La felicidad que tienen cuando están en el mar es tan contagiosa que realmente tú terminas una sesión de Tabra con el corazón y el espíritu lleno de energía por todo lo que te transmiten estos niños durante el momento en el que están conectados con el mar.

Среќата која тие ја чувствуваат кога се во морето е толку заразна што кога ќе завршиме со сесија Табра нашите срца и духови се полни со енергија за се што овие деца пренесуваат кога се поврзани со океанот.

Околу името Табра, блогот Seis de enero (Шести јануари) вели:

El nombre nació de una manera espontánea un día que estábamos conversando fuera del agua y el muchacho [el hijo de Guillermo] empezó a decir “quiero tabra”, pronunciando mal la palabra tabla.

Името спонтано дојде еден ден кога само зборувавме покрај морето и момчето [синот на Гилермо] почна да вели „Сакам табра“, со лош изговорување на зборот табла (шпанскиот збор за даска за сурфање).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.