- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина уапси адвокат за човекови права после средбата за Тјенанмен

Категории: Источна Азија, Кина, Граѓански медиуми, Закон, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Кина го уапси истакнатиот адвокат за човекови права Pu Zhiqiang [1] под обвинение за „предизвикување на неред,“ што се гледа како обид за за одвлекување на активисти од одбележувањето на 25тата годишнина од про-демократските протести на Плоштадот Tiananmen [1].

Според весникот South China Morning Post [2], Пу бил криминално уапсен од пегиншката полизија по неговата посета на состанокот за одбележување на ударот врз демократијата во 1989 како и за „истражување [3] на импликациите и последиците и повик за истражување на вистината од 4ти јуни.“

Најмалку 15 луѓе – студенти, активисти и роднини на жртвите кои погинаа во ударот на Тјенанмен – присуствуваа на собирот во приватен дом на 3ти мај 2014 година. Најмалку пет други беа повикани за испрашување по собирот. 

Photos of Xu protesting (photo from twitter)

Photos of Pu in the 1989 Tiananmen protest. Photo circulated on Twitter [4].

Пу е проминентна личност во движењето Weiquan, кој се има залагано за писатели и новинари во голем број на познати случаи, вклучувајќи го и уметникот Ai Weiwei. Тој беше објавен во списанија поради предводењето на кампања против работнички кампови.

Поради неговото отворено критикување на официјалните политики, Пу е мониториран од безбедносните сили, и беше уапсен и испрашуван на неколку наврати. Пу беше баниран [5] од сите платформи за микро-блогирање во Кина во 2013 откако ги користеше истите за јавно критикување на високите лидери на комунистичката партија Zhou Yongkang [6].

Пу исто така учествуваше во про-демократските движења во 1989 како студент. 

Секоја информација поврзана со Тјенанмен движењето е сеуште цензурирана во Кина. Пребарувањето на Тјенанмен на популарната платформа за микро-блогирањ Sina Weibo открива порака која ги известува корисниците дека резултатот не може да биде најден согласно соодветните закони и регулативи. 

Многу адвокати изразија загриженост за Пу и повикуваат за негово ослободување на Weibo. Сепак, повеќето пораки за поддршка на Пу се избришани. 

Пораката на адвокатот од Пекинг Deng Shulin [7] беше неодамна избришана: 

邓树林律师: 必须释放浦志强!抓律师是今后司法改革的方向吗?

Pu Zhiqiang мора да биде ослободен. Дали затворањето на адвокати е следниот правец на судската реформа?

Многу познатата кинеска актерка Zhang Ziyi побара [8] од нејзините следачи на Weibo да гледаат филм за како адвокатите ја почитуваат правдата: 

《辩护人》一个追求民主、法制、公正为真理而斗争的律师让人肃然起敬。故事改编于韩国前总统卢武铉的真实事迹。在这儿无需再说电影拍得如何了,去看看人家拍的内容吧!

„Советник”, почитуван адвокат кој се бори за демократија, владеењето на правото и правдина. Филмот е базиран на вистинска приказна на поранешниот кореански претседател Roh Moo-Hyun. Нема потреба од повторување тука за што е филмот, проверете ја сами содржината! 

Maya Wang [9] од Human Rights Watch на Твитер изјави: 

Апсењето на Пу и другите е најдобрата реклама за 25тата годишнина и го привлекува токму потребниот вид на внимание што надлежните не сакаат да го добијат.

— Maya Wang 阿莲 (@wang_maya) 6ти мај, 2014

Новинарот  Sui-Lee Wee [11] цитираше есеј од Пу на Твитер:  

Сега е добар момент да го прочитате есејот на Pu Zhiqiang за 4ти јуни. „Ако секој заборави, дали ние со тоа не ја отвораме вратата за мазакрирањата?” http://t.co/TXTI1kYizI

— Sui-Lee Wee 黄瑞黎 (@suilee) 6ти мај, 2014