Астрономија во Шпанија

Астрофизичарот Ангел Р. Лопез-Санчез блогира [шпански] за неодамнешниот XXI-ви Конгрес за астрофизика [шпански] кој се оддржа во Гранада, Шпанија, од 1ви до 4ти мај 2014. За време на настанот, имаше натпревар на астрофотографија и видео, за кои Ангел забележува: 

Тројца од четворицата победници се од Андалузија, и ова уште еднаш покажува за големото влијание кое го имаат астрофизичарите од јужниот дел на Шпанија за време на процесот. Не ни чудно што ваков национален настан немало во Андалузија уште од 1985, кога Астрономското здружение на Малада оддржа настан од тој тип во градот. 

Подолу е една од победничките фотографии. Повеќе може да прочитате на написот на Ангел Р. Лопез-Санчез.

Канал. Фотографија на галаксијата M 101 во Големата мечка. Оваа фотографија победи во категоријата Длабоко него во натпреварот по астрофотографија и видео на XXI-от државен конгрес по астрономија оддржан во Гранада. Дело на: Хавиер Балестерос Боналд (Картама, Малага).

Овој напис е дел од првиот [шпански] #LunesDeBlogsGV [ГВ Понеделник на блогови] на 5ти мај, 2014.
Exit mobile version