Дали Русија ќе ги регулира блоговите како масовни медиуми?

Anonymous does not care. Images remixed by Andrey Tselikov.

Анонимус не знаат и не им е гајле. Фотомонтажа од Андреј Тселиков.

Двајца членови на рускиот парламент, на 7 април оваа година објавија дека ќе поднесат нов предлог закон со кој ќе се регулира протокот на информациите во рускиот медиумски простор. Според Андреј Луговои и Вадим Денгин (двајцата либерални демократи), со нивниот предлог секој блог кој има повеќе од 3.000 читатели, ќе се соочи со истите регулативи како и руските масовни медиуми. Регулативите ќе наметнат проверка на факти, рестрикции според возраста, како и почитување на изборните закони, меѓу другите одговорности. 

Како што Вадим Денгим, објасни за интернет порталот „Т Журнал“, бројот на читатели ќе се определи според бројот на уникатни посети, и дека ќе се елиминитараат сите „програмски роботи за вештачко зголемување на посетеност“. Според Денгин, Роскомнадзор, медиумскиот регулатор во Русија, има капацитет за да води евиденција на популарните блогови.

Најавата разбирливо ги разлути блогерите во Русија, а некои од нив овој чекор го доживуваат како уште еден чекор во растечката контрола на Кремлин над критичната блогосфера. Олег Кожурев, новинар и блогер со повеќе од 46.000 следбеници на Твитер, напиша дека предлогот во суштина ќе им оневозможи на блогерите слободно да го изразат нивното мислење. Според него, јасно е дека замолчувањето е насочено против „социо-политичките блогери, граѓанските и еколошките проекти“.

Поранешниот спин доктор, а сегашен сопственик на уметничка галерија, Марат Гуелман, исто така го критикува предлогот:

Не смешно: Они действительно решили блоги у которых свыше 3000 читателей при равнять к СМИ. Я не понимал как это будет работать, а тут обьяснили. Получаешь предписание обязывающее зарегестрировать. А то понимаешь Все СМИ позакрывали, а журналисты, блядь, всё никак не кончаются. У меня в твиттере 63 000.

Не е смешно: Тие сакаат да ги израмнат блоговите со повеќе од 3.000 читатели со масовните медиуми. Не разбирав како би функционирало, но ми објаснија. Добивате наредба да го регистрирате вашиот блог. Знаете, откако им ги затворија можностите на медиумите, проклетите новинари едноставно не престанаа да пишуваат. Јас имам повеќе од 63.000 следбеници на Твитер.

Иван Засорски, професор по новинарство на државниот универзитет во Москва, објасни на својот Фејсбук профил дека законот има друга, посериозна цел. Тој смета дека е невозможно да се контролира Фејсбук и Твитер, па овој закон всушност би им оневозможил на жителите на Русија пристап до странски социјални мрежи, доколку немаат своја приватна мрежа.

Најмалку еден блогер мисли дека таков закон, доколку е донесен, ќе придонесе позитивно за мрежата. Освен доколку се обидуваат да избегнат даноци, или да објавуваат приватни информации, блогерите немаат простор за грижа, вели Олег Лурие. Според него, доколку владата сака да затвори некој блог, тоа може да го направи и без овој закон. Другиот позитивен аспект е што доколку блоговите се израмнат со масовните медиуми, владините агенции ќе треба да одговараат на прашања и барања од нив, исто како што одговараат на новинарите.

Сепак, повеќето луѓе не се убедени и сметаат дека дури и кога би бил ефективен, закон кој ја ограничува слободата на изразување ќе предизвика повеќе проблеми отколку што ќе донесе придобивки. Поранешниот банкар и популарен блогер Роман Авдеев ја направи следната споредба:

Я не хочу проводить никаких параллелей, но когда в Египте отключили Facebook и twitter, люди просто вышли на улицы… Нужно ли нам это?

Не сакам да повлекувам никакви парарели, но кога во Египет ги исклучија Фејсбук и Твитер, луѓето излегоа на улица…. Дали ни е потребно тоа?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.